• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 16 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

За девет месеци 6551 казна за брзо возење во Тетовско

07/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Влезот на Тетово е едно од местата каде се откриени најголемиот број на возачи кои ја пречекориле брзината при управување возило,покажува евиденцијата на тетовската полиција за изминатите девет месеци. За тој период од годинава на поширокото тетовско подрачје, во акциски, засилени или редовни контроли регистрирано е 6551 пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место, како и 547 непрописни престигнувања.

-Најголемиот број од пречекорувањата откриени се на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, регионалните патишта  Тетово-Јажинце и Тетово-Волковија, како и на влезот во Тетово, односно на улицата “Маршал Тито”.Меѓу пречекорувањата на брзината , посебно на автопатот, евидентирани се неколку и за повеќе од 70 километри на час, додека во населено место тие најчесто се движеле од 30 до 50 километри на час.Сите вакви сообраќајни прекршоци биле заокружени со адекватни поднесоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во периодот за кој станува збор неприлагодената брзина според условите на патот била причина за вкупно 216 сообраќајни несреќи, поради што таа и натаму останува број еден, а потоа следуваат неправилно вршење на дејствие и непрописно престигнување. Несреќите причинети од пребрзо возење претежно завршувале и со најсериозни последици по учесниците во истите.

 

 

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Промовирана книга со анализа на говор на омраза за време на предизборна кампања

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.