• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 15 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

За една година СВР Тетово при контроли има откриено 59 технички неисправни возила за превоз на патници

25/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во период од ноември 2020 до сега СВР Тетово на поширокото тетовско подрачје вкупно има поднесено санкции за  59 технички неисправни возила кои вршеле превоз на патници. Најмногу мерки (12) биле изречени во текот на овој месец, потоа во девет март, седум во мај и така натаму.

Според евиденцијата на полицијара најчеста неисправност констатирана кај санкционираните возила биле неисправни сопирачки, како и неисправни уреди за управување, додека кај неколку од нив недостигала и потребната опрема што требале да ја поседуваат.

–Секторот за внатрешни работи Тетово во континуитет врши контроли на возилата кои вршат јавен превоз на патници, пред сé, на автобуси и комбиња кои секојдневно или транзитно сообраќаат на подрачјето. Упатуваме апел до возачите на автобуси и комбиња редовно да ја проверуваат техничката исправност, со што ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на патниците кои ги превезуваат и за што се најодговорни. Истото се однесува и на фирмите-превозници, чија законска обврска е да обезбедат максимални услови за нормално и безбедно превезување на патниците, без разлика дали организираат локални, национални или меѓународни дестинации, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Законски предвидените поднесоци и парични глоби согласно Законот за возила за физички лица изнесуваат 400 евра во денарска противвредност, a за правните лица 2000 евра   во денарска противвредност и дополнително 500 евра за одговорното лице.

                                                        

 ас

Поврзани објави

Вести

Дафина Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ во Тетово добива огромна поддршка, во новиот совет ќе биде одлучувачки фактор

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Во Фалише и Сараќино средбата со жителите ја дава надежта за убедлива и сигурна победа

14/08/2022
Вести

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески со порака до тетовци дадат поддршка за кандидатите за советници предводени од Глигорије Стојановски

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Тетовчани со искрена поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

14/08/2022
Вести

Живе Алексовски : За европско Тетово, за град со развојна економија, на 20-ти август заокружи број 1

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ : Имаме срдечен прием, позитивни атмосфера и поддршка од тетовчани

13/08/2022
Следна објава

За претседател на Советот на Општина Брвеница е избран Бујамин Рушити од Движење Беса

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.