• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За Задушница да се прочита молитва за упокоените кои се запишани во молитвениците

Воедно согласно препораките на здравствените власти, верниците за помен на своите блиски се советуваат од понеделник да дојдат во храмовите на молитва со тоа што ќе варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини.

05/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во пресрет на утрешниот ден Задушница кога православните христијани ги спомнуваат своите блиски упокоени, поради неможноста за одржување на помените поради државните мерки за заштита од Ковид-19, од тетовска-гостиварската епархија порачуваат дека верниците може дома да читаат некои од молитвите за упокоените кои се запишани во молитвениците.

Воедно согласно препораките на здравствените власти, верниците за помен на своите блиски се советуваат од понеделник да дојдат во храмовите на молитва со тоа што ќе варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини.

МОЛИТВА ЗА УПОКОЕНИТЕ

Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги лишуваш од милоста ни живите ниту мртвите, Христе Спасителу, слушни го молитвениот плач на моето срце и помилуј ја според своето безгранично милосрдие, душата на преселениот од овај свет во невидливиот Твој слуга (или: слугинка) (името), за кого (за која) да се молам ме поттикнува љубовта и, благодарноста за она што ми направиле во во нивниот живот.

Помилуј го (ја), зашто заспа во смртниот сон со спасителна вера во Тебе и надеж во вечниот живот, помилуј го поради раните и страданијата што Си ги претрпел за сиот човечки род, поради крвта пролеана и поради Твоето понижување…

Ти си вечна љубов и благост, Ти си Спасител на човечкиот род и си ветил дека ќе исполниш се што ќе побараме со вера.

Со оваа надеж и јас, грешник недостоен за Твое помилување, се осудувам да Те молам, се осмелувам од длабочината на својата душа да викам кон Тебе.

Сожали се, Господи, и помилуј го починатиот во смртен сон Твој слуга (слугинка).

Можеби и поради моја вина сеуште не стигнал до вечното пристаниште на блажените.

Можеби поради моите гревови го отфрлаш од Твоето лице и учеството во нив овде на земјава.

Поради.Твојата благост и крстните страданија, не земај му ги во предвид тие гревови. Помилуј го, ако по немоќта на грешната прироДа се отклонил од Твоите патишта и блудел по стрмината на порокот, вовлечен од соблазните на светот.

Искупи ги со Твојата крв неговите заблуди и слабости, не споменувај ги гревовите, заборави му ги беззаконијата, награди му ги добродетелите, не оставај ја без возврат ни најмалата усилба да Ти благоугоди.

Врачунај му ги, место дела, неговите добри намери во низ животот, згасни му ја жедта за соединување со Тебе, засити му ја гладта за Твојата правда од плодовите на Твојот дом.

Збогати му ја неговата беда од сокровиштата на твоите заслуги. Покриј му ја голотијата со облеката на Твоето оправдание.

Овенчај ја неговата желба да се насладува со гледањето на Твоето лице и воведи го во Твоето вечно царство!

Амин!

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Одбележани 19 години од загинувањето на 6 припадници на тетовскиот гарнизон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!