• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За локалните избори за Совет на општина Тетово поднесени се 13 листи од политички партии и група избирачи

18/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На 20 август оваа година тетовци повторно излегуваат на избори за Совет на Општината. Деновиве заврши поднесувањето на кандидатските листи, а Општинската изборна комисија соопшти дека се поднесени вкупно 13 листи, 11 од политички партии и две листи од Група избирачи. Интересот на политичките субјекти за влез во Советот на Општината е зголемен и сега има поднесено три листи повеќе во однос на последните избори од 2021 година.

-Според роковникот на Државната изборна комисија рокот за доставување листи за членови на Советот на Општина Тетово истече на 15 јули во 24 часот и до Општинската изборна комисија беа доставени 13 листи од кои 11 од политички партии и две листи од група избирачи. Од политичките партии кои листи доставија: ДУИ, ДПА, Алтернатива, Алијанса за Албанците, Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Партија Интегра, Левица, ПЦЕР, ДПТ како и две листи од Група избирачи каде едната е носител Елмедина Абдулау, а на втората Агон Заими, изјави Назми Даути, секретар на Општинската изборна комисија.

Изборите ќе се одржат во екот на летната туристичка сезона кога дел од населението користи годишни одмори па неизвесно е колкава ќе биде излезноста на изборите, но според Даути кога се во прашање избори за Совет на општина нема цензус па изборот се врши без разлика колку граѓани ќе излезат на гласање.

-Во изборниот законик за избори за членови на Совет на Општина не е предвиден цензус туку колку граѓани ќе излезат на гласање според нивните гласови ќе се распределат мандатите по политичките партии или Групи избирачи. Јас сепак се надевам дека ќе има излезност и граѓаните ќе го остварат своето граѓанско право на глас, појаснува Даути.

Изборната кампања почнува дваесет денови пред одржувањето на изборите, а завршува 24 часови пред денот на одржување на изборите. Општинската изборна комисија на Тетово покрива 117 избирачи места, а вкупниот број на бирачи ќе се знае по затварањето на избирачкиот список кој е отворен за ажурирање до 20 јули.

Во Општина Тетово повторно се организираат локални избори за Совет на општината бидејќи Советот не успеа на време да ја усвои Завршната сметка на Општината па според Законот за Локална самоуправа, Владата го распушти Советот, а претседателот на Собранието ги распиша изборите за 20 август оваа година.

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Само 40 отсто од мајките ги дојат бебињата, но тоа не носи здрав живот на бебињата како возрасни

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.