• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За непрописно престигнување 188 санкции во цела држава, една третина на подрачје на СВР Тетово

14/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На територијата на цела Македонија вчера полицијата спроведе акциска контрола за непрописно престигнување при што се санкционирани вкупно 188 возачи. Од нив, нешто повеќе од една третина или 69 казни се евидентирани на тетовско-гостиварското подрачје.

-Вчера во периодот од 14 до 20 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат, при што санкционирани се 69 возачи од кои 36 на територија на Тетово, а 33 на територија на Гостивар. Потсетуваме дека за престигнување на полна линија на непрегледно место во колона или на мост следи парична казна 250 евра и заштитна мерка времено одземање на возачката дозвола во зависност од прекршокот од три месеци до 12 месеци, за што одлучува судот. Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Министерството за внатрешни работи повторно апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Планинари изградија импровизиран мост од дрвја на Лешничка река

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!