• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За претседател на Советот на Општина Тетово избран Бесар Дурмиши од Движење Беса

18/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На конститутивната седница на Советот на Општина Тетово за претседател беше избран Бесар Дурмиши, кој доаѓа од партијата Движење Беса. Тој беше избран со 16 гласа „за“ и тоа осум советници на Движење Беса, четири на ВМРО ДПМНЕ, двајца од Алијанса за Албанците и двајца советници од граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“. Немаше гласање против, а воздржани беа 14 советници од десет од ДУИ, двајца од СДСМ и по еден од Алтернатива и ДПА.

 -Патот што денеска го тргнуваме е пат полн со предизвици, пат наследен со маки и проблеми. Но, заедно со вас ќе најдеме решенија, заедно со вас ќе го надминеме секој предизвик и проблем. Се обврзувам дека ќе бидам гласот на секој граѓанин без разлика на партиска, верска или етничка припадност откако Тетово и тетовци не обединија повеќе од се. Да работиме за чист град, за град без отпад и со вода за пиење. За Тетово со подобра патна инфраструктура, за Тетово полно со достоинство, порача во првото обраќање новоизбраниот претседател на Советот, Бесар Дурмиши.

Во текот на дискусијата советникот Илија Димитриевски од СДСМ без да поднесе формален предлог рече дека Ангел Карапетров од ВМРО ДПМНЕ може да биде претседател на Советот, како идејата претседавачот да доаѓа од партиите кои се помалку застапени во овој орган на локалната самоуправа. 

-Тоа е наш став за претседател на советот базирана врз праксата на ценрално ниво која треба да се примени на локално ниво.  А тоа е поголема коалиција да даде предност на другите политички субјекти внатре во Советот да имаат свој кандидат за претседавач, што се покажа на централни нови дека е добра пракса. Сметам дека е богатство што има повеќе советнички групи, имаме разновиден совет. Тоа ќе добро за граѓаните ќе придонесе за многу решенија. Ние ќе бидеме коректив на градоначалникот и ќе дадеме наше мислење, предлози и критички осврт, изјави Илија Димитриевски.

Советниците од граѓанската иницијватива „Подобро за Тетово“ посочија дека нивното гласање за избор на Дурмиши не значи дека постојано така ќе гласаат туку дека ќе одлучуваат засебно на секоја седница.

-Нашиот глас беше за да се избере претседател на Совет од Движење бидејќи сметам дека ќе ги исполни ветување, подобра процедура во Советот. Не треба да значи дека ние како независна листа секогаш за секој предлог ќе бидеме „за“. Секоја точка посебно ќе ја третираме и ќе ја гласаме ако сметаме дека е за доброто на граѓаните Елмедина Абдулаху.

Од ДУИ кои досега ја раководеа општината истакнаа дека ќе ги поддржуваат проектите кои се за добро на граѓаните.

-Верувам дека од овој Совет ќе излезат добри дебати кои ќе придонесат за доброто на граѓаните. Ние како ДУИ ќе бидеме гласот на граѓаните и секоја граѓанска иницијатива ќе биде поддржана, изјави советникот Блерим Османи ДУИ.

Новиот претседател на Советот, Бесар Дурмиши е роден 1990 година, завршил економски факултет насока сметководство и финасии. Седницата беше пренесувана во живо на Фејсбук профилот на Општина Тетово но без превод на македонски јазик.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Следна објава

Од 10 до 14 часот 42 казни за брзо возење во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!