• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

За продолжување на булеварот „Благоја Тоска“ ќе се рушат 8 куќи, пари од државниот буџет

Владата издвои 29.5 милиони денари за булеварот „Благоја Тоска“ односно за првата фаза преку мостот на река Пена до текстилното училиште.

26/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Средствата кои Владата ги додели на Општина Тетово за реконструкција на булеварот „Благоја Тоска“ се всушност за продолжување на делницата преку веќе постоечки мост на реката Пена, информираше претседателот на Советот, Беким Мемети.  Парите ќе се искористат за првата фаза од продолжувањето на булеварот.

-Владата издвои 29.5 милиони денари за реконструкција на булеварот „Благоја Тоска“, што значи дека наредната година овој долгогодишен проблем на Тетово ќе биде минато. Проект е во три фази, а сега има средства за да се реализира првата. Тоа е продолжување на булеварот преку мостот на реката па се до текстилното училиште. Пред крај е експропријација на осум куќи кои треба да се рушат за да се продолжи булеварот во првата фаза, изјави Беким Мемети.

Ариф Селами советник од опозициската партија Алијанса за Албанците побара одговор зошто ниеден капитален проект како овој не се реализира од општинскиот буџет.

-Жално е што за капитални проекти општина Тетово секогаш треба да зема од Владата или од Светска банка.  Никогаш не сме успеале капитални проекти да се реализираат од буџетот. Булеварот „Благоја Тоска“ требаше од првиот мандат да се реализира, не се реализираше. Истото се вети дека и во вториот мандат. Еве стигна последната година од мандатот и пак со пари од Владата се реализира булеварот, рече Селами.

-Има неколку прашања кои требаше да се надминат,  општина немаше доволно средства наеднаш да ги исплаќа оние на кои треба да им се рушат куќите. Истотака влијаеше пандемијата и изборите, истакна претседателот на Советот Беким Мемети.

Втората фаза предвидува продолжување од текстилното училиште до крстосницата со улицат Киро Ристоски-Дрнц. Последната фаза е од таа крстосницата па се до булеварот „Илинденска“.

А.С

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Повик за пријавување на работилница за говор на омраза

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!