На реставрацијата на фрескоживописот во црквата Света Богородица во Лешок од 17 век се работи изминативе десетина години но само периодично. Неколкумина луѓе во Македонија работат како конзерватори за заштита и обнова на овие делови од црквите па не ни можат да постигнат тоа да го прават на сите места. До крајот на месецот ќе работат тука па продолжуваат на друга локација согласно годишната програма за работа која предвидува рестварација во различни фази.
-Во државава сме само неколку конзерватори за ѕидно сликарство кои ја работат оваа професија. Имаме голема потреба од стручен кадар во оваа област која знаете тој стручен кадар не се, не можете да го увезете туку треба да го создадете со години, со присуство со теренска работа, со едукација, со непосредна работа, се создава тој кадар, изјави Владо Муковски, конзерватор за ѕидно сликарство.
Потребни се повеќе стручни лица и околу заштита на црковната архитектура. Сега тоа го прават
-Ми се чини дека треба државата да посвети повеќе внимание токму на тој момент кој и како ги заштитува овие споменици на култура. Доколку ние дозволиме фирми кои немаат искуство во и немале искуство да работат ќе се соочиме сигурно со проблеми. Така што мора тоа посеризоно да се размисли на таа проблематика, изјави Владо Муковски, конзерватор за ѕидно сликарство.
Во оваа црква се работи на фрескоживопис од два периоди од 17 и 19 век. Некаде се отстранува поновиот за да се презентира постариот. Сето тоа оди споро, се работи рачно и потребна е голема прецизност.
-Секоја фреска си има своја проблематика, зависи кое е оштетувањето и степенот. Не може да се земе баш ќе кажам како во градежништвото, да се земе норматива дека за еден квадрат е потребно ден, два. Можеби вие на некоја ситуација да потрошите и 20 дена за еден квадрат за да спасите еден живопис. Станува збор за една професија која е ризична. Се работи со хемикалии, се работи на висина, се работи на скеле. Така што бара концентрација, бара внимание за да сето тоа се заштити и зачува како што треба професионално, изјави Владо Муковски, конзерватор за ѕидно сликарство.
Во олтарот на црквата најдени се делови од фрескоживопис и од 14 век.
Александар Самарџиев за ТВ Алфа