• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

За речиси три месеци 5562 санкции за неносење маски на тетовското подрачје

04/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За речиси три месеци на тетовското подрачје полицијата има изречено 5562 санкции за неносење на заштитна маска согласно мерката на Владата за спречување на ширење на коронавирусот од 13 октомври. Полицијата во изминатите три месеци секојдневно изрекува вакви казни поради непочитување на мерката.  Констатирано е дека мерката се прекршува како во затворени објекти така и на отворено.

–Од вкупно 5562 казни за неносење на заштита на лицето, во октомври се бележат 2130, ноември 1789 и декември 1643. Тука се сите прекршувања на мерката на отворен простор, во возила, во објекти и слично. Од почетокот на мерката за неносење маски на тетовското подрачје изречени се вкупно 12.512 санкции информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од 1 до 4-ти јануари до 7 часот утрово, изречени се вкупно 136 казни за неносење маски. Само во изминатиот период од 24 часа од недела во 7 до понеделник во 7 часот изречено се 64 мерки и изготвени поднесоци за платни налози.

-Секторот за внатрешни работи Тетово и понатаму апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Потсетувам дека глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата Уредба, изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице, вели портпаролот.

Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка или друго.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

На граничен премин Јажинце транзитираат до 2000 лица дневно за новогодишните празници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.