• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

За сексуално вознемирување на социјалните мрежи девојките повеќе се доверуваат на семејството отколку на институциите

20/09/2021
во Вести
фото - Pixabay community

фото - Pixabay community

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Семејството е најдоверливата и најсигурната адреса каде што анкетираните девојки ги пријавуваат сексуалните вознемирувања на социјалните мрежи, покажува истражувањето „Онлајн вознемирување на социјалните медиуми„ спроведено од Центарот за Еднакви Можности „Бубамара“ од Тетово. Анкетата според нив имала за цел да открие колку овие возрасни девојки, се жртви на сексуално вознемирување, и воедно, што подразбираат под сексуално вознемирување и дали се подготвени да го пријават тоа.

 -Поголем дел од нив (29.3%) претпочитуваат да му се обратат на семејството кога се вознемирувани од такви вознемирувачки пораки или содржини. На второ место е полицијата (25%). Голем број на девојки одговориле дека не знаат каде да се обратат (21.6%). Мал број одбрале (или би одбрале) да им се обратат на новинарите (0.9%) или на невладините организации (1.4%) за да пријават вознемирување. Кога станува збор за евентуално пријавување,10% од девојките ја одбрале опцијата „друго“ каде што доминираат одговори од типот „на никого“, се наведува во истражувањето.

Во заклучокот од истражувањето од „Бубамара“ велат дека жртвите на сексуално вознемирување, воглавно се добро информирани дека овој феномен подразбира повреда на нивната слобода и мешање во нивниот живот и нивните избори. Според нив овие дејствија имаат последици кои кај некои од жртвите се манифестираат во поголема мера.

-Последиците се главно психолошки и жртвата често е сама и претпочитува да не го сподели искуството со некој друг. Фактот што некои од сексуално малтретираните девојки на социјалните мрежи не сакаат да го споделат своето искуство ниту со својот партнер, велејќи дека голема е веројатноста да дојде до некакво недоразбирање, покажува дека момчињата и мажите се многу малку информирани за размерите на овој реален проблем. Игнорирањето подразбира одобрување и охрабрување за сторителот, насилникот и престапникот за тој да ја прошири својата мрежа на малтретирање и да го храни тоа чувство на надмоќност врз своите жртви. Повторната виктимизација на жртвата на сексуално вознемирување од околината додава уште една по нераскинлива алка во синџирот на сексуално вознемирување, како злосторство кое го олеснија и „релативизираа“ социјалните мрежи поради природата на нивните платформи, неможноста за целосна контрола и начелата на слободата на изразување, велат од „Бубамара“.

Центарот за истражувањето има контактирано 208 девојки на возраст од 18 до 25 години кои одговориле  на анкетата по електронски пат. Од нив 150 девојки се од Тетово, 51 од Гостивар и од другите општини во регионот.  45,1 отсто се од рурални а 54.8 отсто од урбани средини. 

ас

Поврзани објави

Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Вести

Тимчо Муцунски: Поддршка за Ангел Карапетров, време е тетовчани конечно да добијат проекти и промени какви што заслужуваат 

17/08/2022
Вести

Миле Лефков: Oвие луѓе покажаа дека знаат како да се работи во интерес на Тетово, гласајте за ВМРО ДПМНЕ

17/08/2022
Следна објава

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.