СВР Тетово информира дека во текот на вчерашниот ден на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Има казни за 22 неисправни возила, како и санкции за сторени прекршоци во сообраќајот.
-При контролата, откриени и санционирани се вкупно 22 неисправни возила, односно прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-5). Најголемиот број од нив (12) имале неисправни сопирачки (ТЕ-10 и ГВ-2), кај 2 возила била констатирана неисправност на уредите за управување (ТЕ-1 и ГВ-1), а кај 3 возила (ТЕ) неисправност на други уреди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај, а санкционирани се и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-2).
ас