• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

За три месеци 2041 мерка за сторени потешки сообраќајни прекршоци или над 230 повеќе од лани

12/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во првите три месеци од оваа година на поширокото тетовско подрачје биле преземени вкупно 2041 мерка  за сторени потешки сообраќајни прекршоци или над 230 повеќе во споредба со истиот период лани.

Најголемиот број од мерките, дури 1527 се однесувале на управување со брзина поголема од пропишаната, односно за пребрзо возење, потоа на недавање предност на пешаци (393), непрописно престигнување (100) и така натаму.

Во овој период, исто така, поради утврдени недостатоци и разни видови прекршоци санкционифрани и исклучени од сообраќај биле 303 возила, најмногу за истечена регистрација (303) до и над 30 дена, 80 за затемнети стакла, односно за вградени неатестирани фолии, 57 за констатирана техничка неисправност и друго.

Во првото тримесечие годинава на тетовските патишта и улици исклучени од сообраќај биле и 827 возачи, односно 290 повеќе во споредба со минатата година во овој период.Од нив, 475 управувале без положен возачки испит и валидна дозвола,174 возачи-почетници, 134 управувале под дејство на алкохол, 36 со впишана забрана за управување, 5 со несоодветна категорија и 1 поради други причини.

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Министерката за одбрана изврши увид во борбената готовност на тетовската касарна

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.