Денеска (15 февруари) од 9 до 12 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги чинат пешаците во сообраќајот, во која биле констатирани и санкционирани вкупно 33 прекршоци. Најголемиот број од прекршоците се однесувале на преминување на улици надвор од пешачки премини и на непочитување на сообраќајната сигнализација која го регулира преминувањето.
-На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе бидат повикани на т.н. сообраќајна поука. СВР Тетово повторно со апел до пешаците да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат и целосно да ја почитуваат постоечката светлосна и друга сигнализација, посебно на крстосниците. Покрај ова, им се укажува и непотребно да не се задржуваат на коловоз, но и да внимаваат како се движат по улиците на кои нема обликувани тротоари, зашто на тој начин најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во акцијата санкционирани, исто така, биле и два други видови сообраќајни прекршоци.