• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

За чистење на реката Пена општината се обврзала да плати до 2 милиони денари

Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки набавки (ЕСЈН) за чистење на речните корита на река Пена, како и реките во Голема и Мала Речица и реката во Порој на 29 јули 2020 година Општина Тетово има склучено договор по претходно спроведена јавна набвака 06565/2020 со фирма од Порој.

03/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Општина Тетово информираше дека е започната постапката за чистење на реката Пена во градот од насобраните отпадоци. За спроведување на оваа активност според податоците за јавни набавки е ангажирана фирма од Порој, а договорот предвидува исплата на не повеќе од 2 милиони денари.

-Започна чистењето на коритото на реката Пена во делот од мостот на булеварот Индустриска (Видео Смилевски-Бато) па до магистралниот пат Скопје-Гостивар  (обиколница на Тетово). Да ја зачуваме и да ја одржиме чиста животната средина, соопштија од Општина Тетово,

Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки набавки (ЕСЈН) за чистење на речните корита на река Пена, како и реките во Голема и Мала Речица и реката во Порој на 29 јули 2020 година Општина Тетово има склучено договор по претходно спроведена јавна набвака 06565/2020 со фирма од Порој.

-Вкупната вредност на договорот не смее да ја надмине сумата од 2 милиони денари без пресметан ддв. Договорот не го обврзува договорниот орган да ја изврши набавката во целиот горенаведен износ. Цената за услугите преземена од извештајот од спроведена постапка во која носителот на набавката понудил најниска цена (збирна цена од единечни цени) во износ од 3100 денари без пресметан ДДВ, се наведува во договорот кој е објавен на ЕСЈН.

Во документот е наведено дека времетраење на договорот е 12 месеци, а носителот на набавката е должен да го изврши предметот на договорот во рок од 30 дена сметано од денот на добивање на налог за работа.

Мониторингот на оваа јавна набавка е направен во рамки на проектот „Анализа на јавните набавки во Полошки плански регион“ спроведуван од страна на невладината организација „Младинска Алијанса“ и „Тетово инфо“.

Овој текст е изработен во рамки на проектот „Граѓански организации и Медиуми против корупција-Коалиција за нулта толеранција”.  Изработката на текстот е со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на публикацијата единствено се одговорни Младинска Алијанса-Тетово и Тетово Инфо и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Вести

Тимчо Муцунски: Поддршка за Ангел Карапетров, време е тетовчани конечно да добијат проекти и промени какви што заслужуваат 

17/08/2022
Вести

Миле Лефков: Oвие луѓе покажаа дека знаат како да се работи во интерес на Тетово, гласајте за ВМРО ДПМНЕ

17/08/2022
Следна објава
МВР

Тетовчанец продавал петарди во Охрид, полицијата ќе му поднесе кривична пријава

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.