• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

За шест месеци казни за 905 лица кои возеле без валидни дозволи

11/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На поширокото тетовско подрачје во изминатите шест месеци од оваа година вкупно биле откриени и законски санкционирани 905 лица кои управувале возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, како и 287 возачи-почетници кои целосно не се придржувале на ограничувањата предвидни за оваа категорија учесници во сообраќајот.

-Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш потсетува дека не треба да се седнува зад волан без положен возачки испит, зашто на тој начин се доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.До почетниците повторно се апелира целосно да ги почитуваат законски предвидените ограничувања, дотолку повеќе што и едните и другите летово се приоритетен фокус на секојднвните контролни активности на ова подрачје, редовни или акциски. СВР Тетово им укажува и на сопствениците на моторни возила да не им ги даваат на управување на лица кои немаат возачки дозволи, бидејќи во спротивно и ним ќе им бидат изготвени поднесоци и ќе им следува парична глоба од 250 евра во денарска противвредност, порача портпаролот Марјан Јосифоски.

Сите кои управувале без возачки дозволи веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци, така што согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, тие ќе се соочат со парична глоба од 250 евра во денарска противврденост, а истото се однесува и на возачите-почетници, кои согласно член 227 од истиот Закон  ќе треба да платат глоба од 200 евра во денарска противвредност.

 

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Зголемување на бројките на болни од Ковид-19, но со лесна клиничка слика и без хоспитализации

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.