Тетовската полиција вчера во време од шест часа, од 12 до 18 часот, на поширокото тетовско подрачје при спроведена акциска контрола на мотоциклисти има откриени 33 прекршоци.
-Најголемиот број од прекршоците (15) биле некористење на заштитен шлем и управување без возачка дозвола (13), а од сообраќај биле исклучени пет мотоцикли. При контролата откриени и санкционирани се и четири други видови прекршоци, информира СВР Тетово.
За сите прекршители се изготвени соодветни поднесоци, при што истите ќе се соочаат со парични глоби кои се движат од 40 до 500 евра во денарска противвредност.
А.С