Ноќеска тетовските полицајци изрекле казни за возачи кои биле откриени дека управуваат возила под дејство на алкохол. Од 22 часот вчера до 04 часот утринава откриени биле 13 возачи на тетовското подрачје.
-Сите прекршители откриени во спроведената акциска контрола веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани се и 13 други видови прекршоци, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Соораќајните полицајци конторлирале мотоциклисти, при што биле констатирани вкупно 17 прекршоци Најголемиот број од прекршоци-10 се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем, шест мотоциклисти управувале без возачки дозволи, а еден имал нерегистриран мотоцикл.