• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Зголемување на бројките на болни од Ковид-19, но со лесна клиничка слика и без хоспитализации

12/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Нешто поголемата раздвиженост во Тетово откако почнаа да доаѓаат иселениците, како да го размрда досега инертниот Ковид-19. Матичните лекари велат дека имаат нешто повеќе работа и третирање на болни поради коронавирусот.

-Имаме движење повеќе на странски посетители, на доселеници, фреквенцијата на луѓе е зголемена, луѓето гледате самите се опуштија, маските се задолжителни само во аптеки, во здравствени установи, така да фреквенцијата на луѓе се зголеми, свадбите, масовните веселби, секојдневно ги имаме матурите, и неминовнно беше дека бројката ќе порасне, изјави др Светлана Трифуновска,  координатор на матични лекари.

 

Сепак засега не постои голема загриженост барем меѓу здравствените работници кои велат дека го очекувале бранот. Бројките растат, вирусот брзо се шири но болните поминуваат полесно отколку од пред година или две.

-Добра страна е што клиничката слика не е толку како што беше претходниот вирус, не е толку јасно изразена односно немаме долно респираторни засегања што е најважно и скоро и да немаме хоспитализации. Постои бран, јасно дека постои бран, вирусот е тука се уште меѓу нас, се шири, но сепак последиците не се толку страшни, изјави Трифуновска.

Според докторката имунизацијата влијае да полесно се преброди овој бран.

-Капацитетите на болниците се слободни, сега за сега нема многу место за загриженост.  Затоа што и самата имунизација го направи своето, доста од пациентите имаат и стекнат и прележан дел од имунитетот затоа што ја прележале болеста, изјави Трифуновска.

Во моментот има околу 50 активни случаи. Од почеток на пандемијата речиси 14 илјади жители на Тетовско биле заразени, а речиси 600 починати.

Александар Самарџиев за ТВ Алфа 

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

СВР Тетово со едукативна кампања „Носи кацига-биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.