Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42%, во однос одлуката од 5.10.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.
Од 14.10.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС -98 61,50 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 50,50 (денари/литар)
Масло за горење-екстра лесно 50,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,863 (денари/килограм)