• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ Тетово гостуваше на манифестација во Ниш

„Денови на традицијата и културата на дијаспората во Ниш – Роду у походе“ за прв пат се одржала во српскиот град.

12/02/2020
во Актуелно, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ Тетово на 9 февруари гостуваше на првата манифестација  „Денови на традицијата и културата на дијаспората во Ниш – Роду у походе“.  Организатор на настанот е Центарот за традиционална култура и духовност „Вук Стефановиќ – Караџиќ“ од  Ниш.

Целта на манифестацијата, според зборовите на раководителот на Центарот, господинот Миљко Петровиќ  е поврзување и зедничко делување на полето на негувањето и чувањето на српската култура, обичаите, јазикот и националниот идентитет  кај српската заедница во регионот и дијаспората.

На манифестацијата, покрај Здружението од Тетово, како представници од Северна Македонија, настапија членови на Културно-уметнички друштва и ансамбли од Подгорица, Будимпешта, Источно Сараево како и домаќините.  На сцената на Народниот театар во Ниш, преку  видео материјал, беше проследен настапот на две фолклорни друштва од Канада.

Манифестацијата траеше  два дена. Првиот ден се одржа промоција на две книги од областа на фолклорот и ревија на народни носии. Вториот ден,  за учесниците, беше организирана прошетка низ градот и прием кај градоначалникот во Градската куќа во Ниш.  Ова е прва ваква манифестација која се организира во Ниш, со желба на организаторот, истата да стане традиционална.

На почетокот на март, Здружението ќе учествува на фолклорна средба на друштва кои го негуваат српскиот фолклор во Инсбрук, Австрија, соопштија од Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ Тетово

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: Граѓаните да платат данок на имот за да нема присилна наплата

25/01/2023
Инфо компас

Акција „Плати 2-земи 3“ на FLAIR брендот за спортска облека во Тетово и Гостивар

23/01/2023
Вести

Натпревар за наградување фотографии на кои е прикажан македонскиот фолклор

22/01/2023
Следна објава

Пријава за измама во тетовската полиција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.