• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Зоран Заев во Тетово на средба со пензионерите

Одговори на повеќе новинарски прашања. Изрази надеж дека Владата ќе го усвои законот за јавно обвинителство на наредната недела за да може до распуштање на парламентот да се најде на пленумска седница.

31/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев попладнево во Тетово беше на средба со членовите на здружението на пензионери како и на други внатрепартиски средби.

Одговори на повеќе новинарски прашања. Изрази надеж дека Владата ќе го усвои законот за јавно обвинителство на наредната недела за да може до распуштање на парламентот да се најде на пленумска седница.

-Ова ќе биде дополнителна причина и мотивација за земјите членки и европскиот комесар да донесат позитивна одлука во времето кога ќе одлучат за датумот за проширувањето. Ова е сериозен државнички порив кој го очекувам од сите пратеници. Сега сме растеретени од СЈО, предметите се осигурани, тие се под контрола на Јовевски, во судска постапка и продолжуваат понатаму. Верувам дека трезвеноста и државничкиот капацитет на парламентот ќе се докаже на дело, во случај ако не биде така, ќе видиме кој не гласал и кој како се определил, но дефинитивно верувам дека може да се смогнат сили да се обезбеди 2/3 мнозинство за овој закон, истакна Заев, потенцирајчи дека СДСМ ќе успее да се донесе законот и во случај тоа да биде и после изборите.

На прашањето за предзиборните коалиции Заев вели дека неговата партија полесно ќе најде партнер за евентуална предизборна коалиција од политичките противници. Ставот го темели на досегашната соработка со сите останати покрај ВМРО ДПМНЕ.

-Имаме разговори со сите, со традиционалниот коалционен партнер, разговори со опозоциони партии, и ДПА и  Алтернатива но отворена комуникација и со Беса и со Алијанса. Заедно гласавме уставни промени, заедно гласавме закон за употреба на јазици, дел од реформите, не само оние со 2/3 мнозинство, туку се што е важно за државата. Ние сме мултиетничка партија, поставена многу отворено, имаме одлична соработка и тоа не доведува до преднос во однос на нашиот опонент слободно калкулираме, носиме одлуки, правиме нешто што е најдобро за државата и за најдобро позиционирање на политичките партии.  Крајот на февруари, почеток на март ќе биде кога е се носат вакви одлуки за колации составени од мултиуетнички партии и од партии на заедниците,рече партискиот лидер.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев оценува дека сите процедури се уште не се завршени околу прогласувањето на Шар Планина за национален парк. Според него се уште не се знае дали со прогласувањето ќе има проблеми на друга страна.

-Постојат процедури согласно меѓународните стандарди за прогласување на национални паркови, сакаме да ги исполниме, кога се носиме од поривот за нешто добро како национален парк треба да знаеме какви права ускратуваме.

На новинарско прашање зошто тоа се дозволува градење хидроцентрали Заев со одговор дека Владата треба сите засегнати страни еднакво да ги третира.

-Треба да се слуша гласот на граѓаните, дали за песок, дали за рудници, за хидроцентрали. Светот гради секако хидроцентрали каде народот е задоволен, каде нема проблеми и не се нарушува флора и фауна. Не би биле одговорна Влада ако исполнувајќи права на една група наштетиме на право на друга. Државата мора да биде мајка на сите, а не за некого маќеа, рече Заев.

На средбата со пензионерите во Тетово Заев потсети дека се исполнува ветувањето за поголеми пензии.

-Од понеделник ќе се исплаќаат зголемените пензии со над 700 денари, тоа ќе стане веднаш основица и годинава очекуваме да достигне до 900 денари кое што во последните 2,5 години да направиме пресек е покачување од 1734 денари. Конечна цел е да паѓа потребата од интервенции во државниот буџет, со што и на нас помладите ќе ни се обезбеди сигурна иднина, да дочекаме пензија со здрав пензиски фонд, а не само стабилна пензија за сегашните пензионери, рече Зае .

Тој истака дека сите економски политики дадоа резултати поради консулатација со бенефиторите односно граѓаните.

А.С

Тагови: зоран заевсдсм

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Поставени темели за нов конак во Лешочкиот манастир

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.