Организацијата „Вешта Жена“ од Тетово овогодинешниот избор на вешта жена на републичко ниво во подготвување на трпеза за прв пат го прави преку интернет и социјалната мрежа Фејсбук поради пандемијата со Ковид-19. Во завршна втора фаза е гласањето за избор на највешто подготвено главно јадење.
-Првата фаза заврши со гласањето за погачите за кои гласаа повеќе од 54000 подржувачи на Вешта Жена преку Фејсбук. Следува наредната фаза во која повторно може да гласаат луѓето за главните јадења. Гласањето се врши така што на фотографијата на главното јадење објавено на Фејсбук на Вешта жена се кликне лајк (допаѓање). Со крајниот збир на гласови/лајкови ќе бидат избрани прво, второ и трето место во категоријата Вешта жена на ниво на Републиката и прво, второ и трето место во категоријата „Вешта жена Гран-при“, информира Снежана Стојановска, претседателка на организацијата „Вешта жена“.
Во првата фаза за гласање на најубави почаги победи Ленче Анакиева од Виница со 2642 гласа. Гласањето за главното јадење ќе трае се до петок 30 април до полноќ.
А.С