• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Избрани најдобрите творби на конкурсот за необјавена песна за деца и возрасни на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово

15/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ при Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово ги објави победниците на конкурсот за најдобра необјавена песна за деца и возрасни. За најдобра песна во категорија на деца е избрана Силвана Крстовска од тетовско Подбреѓе со „Годишните времиња“, додека кај возрасните прва награда има за песната „Зорица“ од авторот Атанас Крлевски од Велес.

-Многу сме задоволни од одзивот, имаше рекорден број на 475 пријавени автори од цела Македонија, порано сме имале 300 до 400 песни. Комисијата скоро цела недела работеше на одлуката за избор на најдобрите песни. Може да кажеме дека имавме многу квалитетни творби и многу добри автори, како и ученици кои организирано се јавија, како и познати поети и писатели. Освен награди за првите места, кај возрасните се доделуваат и две награди за второ место, три за трето мести и пет песни се пофалени. Во категоријата за деца има три награди за второ место, пет награди за трето место и 9 пофалени песни. Годинава имаме и пофалница вон категорија за расказот на Михаела Младеновска од скопско Бардовци, информира денес Мирко Видоески, претседател на клубот.

За изборот на најдбрите песни одлучувала три члена комисија составена од претседателот Владимир Кочовски, писател и книжевник како и членовите Марина Даниловска професор по македонски јазик на Универзитетот во Тетово и Веле Коцески, писател.

-Друга карактеристика е што имавме голем број на автори од други националности кои пишувале на македонски јазик. Поради пандемијата нема да се одржи манифестација, а наградените наградите ќе може да ги подигнат во Центарот за култура од 25 јануари до 31 март 2021 секој работен ден од 9 до 14 часот. Наградените ќе добијат дипломи и книги, а благодарници имаме за издавачките куќи „Матица Македонска“ и „Или-или“ кои ни донираат секоја години книги за наградените, истакна Видоески.

Темата беше слободна, а поради пандемијата рокот до 25 декември беше продолжен за 15 дена.

А.С

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Стигнаа автобусите за јавен превоз во Тетово, за распоред и цени ќе се чека одлука на Советот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!