• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Извршено порибување на река Пена со 100 килограми пастрмка

21/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово денес беше извршено порибување на реката Пена од страна на претставници на Здружение „Риболовец Вардар“ од Брвеница, како концесионер на риболовна зона во тетовскиот регион. Во водите на реката Пена беа пуштени 100 килограми риба пастрмка.

 -Денес организираме порибување на река Пена и река Вардар, тоа е годишен план на Здружението „Риболовец-Вардар“ од Брвеница која има задолжение да пориби секоја година еднаш во годината во просек по 100 килограми риба.  Има определено големина на рибата, така да денес одлучивме да порибиме овде кај Шарена џамија и со тоа да им докажеме на нашите рибари дека се порибува и да бидат свесни дека не треба злоупотребат тоа, изјави Стојанчо Анѓеловски, претседател на Здужението.

Тој апелираше рибарите да не ја прекршуваат забраната на рибиолов до април 2021 со цел да опстане рибата која е пуштена во реката.

-Не смее да се лови до април месец за да рибата да опстане. Во реката Пена само пастрмка има. Воедно со години немам слушнато дека во Пена е извршено порибување и така одлучивме да ја порибиме Пена и да го порибиме Вардар, исто така немаме слушнато дека е порибено во претходните години. Мислам дека ќе опстане, а во април месец ќе се залагам да порибиме, рече Анѓелковски.

Здружението „Риболовец Вардар“ од Брвеница концесијата на рибната зона од река Требишница па се до дрвен мост на Радуша ја има добиено во 2019 година во времетраење од шест години.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава
бензин горива нафта

Промени во цените на нафтените деривати

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.