• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Изгоре плевна во Вратница, тетовската пожарна на враќање имала дефект на еден камион

04/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Плевна изгоре вчера во пожар во тетовското село Вратница, а според пожарникарите и мештаните среќна околност при интервенцијата е што било спречено да се прошири огнот на останатите куќи кои се во близина.  При пожарот нема повредени луѓе, но на враќање назад пожарникарите останале без еден од камионите поради дефект.

-На враќање кон Тетово, еден од камионите ни остана на регионалниот пат Тетово-Јажинце бидејќи поради удирање во грпките му се искршија делови од системот за амортизација околу тркалата. Некако успеавме да го вратиме назад, а со оглед дека се стари камиони уште потешко беше денес да се најдат резервни делови, информира Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица.

Пожарот бил пријавен 17 часот и 41 минута, а интервенцијата траела до 20 часот.

-На интервенција заминаа три возила со седум пожарникари. Вратницата е едно од поодалечените места од нашата станица и ни требаше повеќе време. Во работата ни помогаа и жителите на Вратница, информира Ука Алити.

За тетовската пожарна ова е првиот повик за интервенција кој стигнал преку 112 службата единствениот број за итни повици 112.  Инаку за повик на тетовската пожарна и понатаму може да се користи и бројот 193.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Научен симпозиум за ракот на белите дробови на Универзитетот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!