• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Инфо компас

Изградените хидроцентрали на Шар Планина ќе ги остават да работат и во националниот парк

03/03/2021
во Актуелно, Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Хидроцентралите што се изградени ќе продолжат да работат со засилени инспекции и контроли,  а за оние кои се доделени а не се изградени, ќе има рок од една година за Владата да преговара за можноста да се повлечат инвеститорите или да се комплетираат градбите, со цел избегнување на големи фискални импликации поврзани со раскинување на договорите, е одговорот новинарско прашање на прес-конференција на министерот за животна средина Насер Нуредени за овие објекти откако вчера Владата информираше дека е изготвен текстот за предлог-законот за прогаслување на Шара за национален парк.

Во границите на НП Шар Планина вклучени се сите планински села со цел обезбедување на еднаков третман и можности за нивен иден развој, со што бројот на опфатени села изнесува 30, а заштитената територија изнесува 62.705 хектари.

-Селата се наоѓаат во зоната за одржливо користење, која е внимателно предложена со цел да овозможи непречено функционирање на луѓето во населените места на целата територија на паркот,рече Нуредини на денешната владина прес-конференција. 

Тој информираше дека со цел да се обезбеди непречен развој на ски-центарот Попова Шапка, беше земен предвид Мастер-планот за развој на Попова Шапка, како и веќе постоечките тури кои ги спроведуваaт локалните компании и предвиден е заштитен појас околу ски-центарот,  со што ќе се обезбеди баланс помеѓу заштитата на природата и развојот на различни форми на туризам во предвидените рамки.

– Зајакнување на брендот „Шара“-  како резултат на етикетата „Национален парк“, нашата Шар Планина ќе доживее регионално, национално и меѓународно признание и популарност на повеќе нивоа, но пред сè во насока на зголемување на туристи, изјави Нуредини. 

За управување на Националниот парк,  Владата ќе треба да основа Јавна установа Национален парк во рок од 3 месеци од усвојување на Законот, за што се обезбедени средства од Буџетот.  Ќе се воспостави и ренџерска служба за спроведување на заштитата.

 

 

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Планирани исклучувања на електричната енергија за 4-ти март

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!