• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 29 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Изградени се 70 проценти од магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар

Се гради главна мерна регулациона станица кај Фалише која ќе биде со капацитет од 22 илјади метри кубни гас на час.

13/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Mагистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар од 78 километри има 70 проценти на реализација во градбата, истакнаа претставниците на министерствата од денешниот увид во изградбата на трасата на гасоводот во Тетово, во близина на селото Фалише. Бајрам Реџепи, директор на Национални Енергетски Ресурси (НЕР) очекува до крај на 2020 да гасодовод да биде пуштен во употреба.

-Тука се гради главна мерна регулациона станица кај Фалише која ќе биде со капацитет од 22 илјади метри кубни гас на час или на годишно 192 милиони што ќе биде доволно за целиот полошки регион. Ова е дел од ЛОТ 5 почнува од Скопје завршува Гостивар од вкупна должина од 78 километри плус крак Тетово 10 километри. Ова е на ниво на 60 посто книжна реализација, реалната уште поголема бидејчи има 70 посто реализација, очекувам да биде завршена оваа  делница во прва половина од наредната година. По што ќе се следат други испитување на комфор стандарди  за градење така што при крај на наредна година оваа делница ќе биде пуштена во употреба и ќе може да опслужиме со нашите улсуги за пренос на нашиот преносен систем, рече Реџепи.

Општина Тетово е во тек и работи на документација за изведба на секундарна мрежа низ градот, рече градоначалничката.

– За сите граѓани за целиот полошки плански регион важно е приближувањето со гасоводот до границите на општина Тетово. Ова е голема можност за семејните економии и за намалување на пробелемите со загадувањето. Темпото е брзо и ни дава обрвска побрзо да работиме. Тетово заврши идеен проект за 20 километри дисперзивна дистрибутивна мрежа за општината и при крај сме со техничкиот проект за 10 километри дистрибутивна мрежа до јавните објекти, изјави Теута Арифи.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески потенцира дека со ова се реализира еден од врвните приоритети на Владата за изградба на гасовод.

-Ќе значи бенефит и за општините и за граѓаните кои се клучни во добивање на оваа мерка. Сакам да потенцирам, јас минатата година со колегите министри, рековме дека ќе има силна динамика и тоа се случи. Ако гледам технички и финансики имаме одлична реализацијата и резултати. Ако гледаме и во тој дел од капиталните инвестиции со ноемвриската ситуација која очекуваме да дојде во Министерството ќе имаме преку 90 проценти на реализација,рече Сугарески.

Претставниците на Владата информираа дека во план е наредна година да почне гасоводна делница од Гостивар до Кичево со средства од ЕБРД.

-Гасовод до Тетово може да функционира поединечно имаме блок станици поставено секаде. До 2023 очекуваме да се догради целиот прстен преку Кичеви и Охрид до Битола што е важно за стабилност на системот, рече Бајрам Реџепи.

А.С

Тагови: гасоводфалише

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Јавно приватно партнерство во општините за најниска можна цена за гас

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.