• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Излезе од печат книгата „Од мој агол” од авторот Симеон Златев – Моне

16/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од печат излезе книгата со афоризми „Од мој агол“ на авторот Симеон Златев-Моне.  Ова е 12-та книга на Моне инаку познат по својот Најмал етно музеј кој се наоѓа во тетовско Џепчиште. Во оваа книга се запишани 170 афоризми на 184 страници поделени на три дела-општа проблематика, етнологија и анимализам.  

-Мудроста искажана со малку зборови претставува уметничка форма на изразување својствена на некои литературни жанрови и во народното творештво. Јас се осмелив да влезам во овие води со желба да оставам траги во времето во кое живеам. „Од мој агол“ треба да се чита меѓу редови за да биде се во ред, вели авторот Симеон Злате-Моне со еден од аформизмите на прашањето да ја долови содржината од неговата најнова книга.

Пред да ги создаде 170-те афоризми за книгата, Моне создал 50-тина вакви творби за претстојниот Четврти интернационален фестивал на афоризми, хумор, сатира и карикатура „Насмевки2022“ што е дел од годишното одбележување на јубилејот 100 години на Културно уметничк друштво „Иљо Антески-Смок“ од Тетово што треба да се одржи во мај.

Пишувањето афоризми е негова пасија од младоста започната како новинар во Радио Тетово. Минатата година авторот одбележа 30 години од формирањето на Најмалиот етнолошки музеј веќе формиран во 1991 година.  Карактеристиката на најмал етно музеј ја доби поради основната просторија од само 7,2 метри квадратни каде се сместени над илјада предмети од минатото.

 ас

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

СВР Тетово: Во средно училиште приведени ученици кај кои била најдена марихуана

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.