• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Центарот за еднакви можности „Бубамара“ денеска на плоштадот во  Тетово ја организираше изложбата „Изложба без име“ при што се изложени илустрации направени од вознемирувачки пораки кои девојки ги добивале преку интернет. Ова е втора ваква изложба, по првата која беше претставена лани во октомври, во рамки на кампањата на „Бубамара“ чија цел е да се  мотивираат и охрабрат жените и девојките да пријавуваат малтретирањето  и сексуално вознемирување со кои се соочуваат во социјалните медиуми.

– Оваа година мислевме да направиме нешто преку илустрации да кажеме или да ги пренесеме дел од пораките за онлајн вознемирување, колку сериозно е ова како тема и дека полицијата треба да го сфати така. Искуството за една година е дека девојките немаат доверба во институциите и најчесто е тоа причината за тоа што не не пријавуваат во полиција. Ние преку оваа кампања и изложба сакаме да ги мотивираме и да кажеме на девојките дека ова не е нормално и мора да го пријаваат секое вознемирување и на тој начин да направиме полицијата да ги сфати сериозно и да реагира, изјави Рита Бехадини претседателка на „Бубамара“.

Се повеќе девојки се јавуваат во оваа невладина организација за да дознаат што треба да направат доколку се соочат со вознемирување на социјалните мрежи.

-Повеќе не прашуваат како треба реагираат и што треба да направат. Ама полицијата не реагира. Имаме случај во Кичево каде еден човек ги вознемирува онлајн и праќа различни пораки и тие пријавиле во полиција но немаат одговор што се случило со неговото пријавување во полиција. Така што навистина мислиме дека ова полицијата не го сфаќа сериозно, а треба да го сфати сериозно затоа што е реалноста на многу девојки во нашата земја, изјави Рита Бехадини.

Во рамки на кампањата на „Бубамара“ до јули ќе се одржат и работилници на истата тема. На нивната интернет платформа се пишуваат теми за онлајн вознемирување.

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.