Kолективна изложба на стари архитектонски фотографии и дизајн беше отворена вчера во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Претставени со своите фотографии се Јасмина Крстоска, Лиридон Асани, Шпетим Селмани, Крсте Џидров-Гибби, Мерита Ељмази и група студенти по архитектура од Универзитетот во Тетово.
-Архитектурата на градбите се смета како една од најдлабоките и најзначајните изразувања на културата. Архитектурата е условена не само од местоположбата или климатските услови туку и од културата и традицијата, материјалните можности и надворешни влијанија од периодите на окупации и војни и слично. Најмоќниот развој е во период на 18 и 19 век, истакна Артан Арслани од Центарот за култура на отворањето на изложбата.
Изложените фотографии ќе може да се погледнат во наредните седум дена.
А.С