• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 29 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Изложени стотина фотографии сведоци на 100 години постоење на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово

17/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамки на повеќето активности кои месецов се одржуваат во знак на 100 години од постоењето на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ вечерва отворена беше изложба на фотографии со кои се претставува работата на оваа културна организација во изминатиот еден век во градот Тетово. Изложени се стотина фотографии во новата управна зграда на Музејот на тетовски крај, поранешен Дом АРМ.

-Со овие фотографии претставуваме една огромна хронологија на настаните во изминатите 100 години- не се сите фотографии, само еден дел од фотографии,кои сметавме дека се најпогодни кои ќе ја претстават хронолошки целокупната работа од 1922 па се до 2022 година. Поделени се периодите на два дела до 1947 кога друштвото функциниора под називот Бинички, па после ослободувањето од 1947 со името Иљо Антески Смок. Воедно тогаш и стартува преродбата на културното живеење во Тетово. Градот бил еден од местата кој и пред и после војната имал еден од најразвиените друштва кои што дале голем придонес за државата со голем број уметнили групи, музички, драмски и повеќе видови секции, изјави Хаџи Милорад Ѓорѓевски, претседател на Здружението.



Изложбата на фотографии ќе биде поставена во Музејот до 24 мај. Во сабота 21 мај активностите продолжуваат во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ каде од 19.30 часот ќе започне одржувањето не шестиот Интернационален фолклорен фестивал „Пелагија 2022“ со учество на фолклорни групи од Македонија и странство.

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Отворена колективна изложба „Пролетен Салон 2022“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.