• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Илија Димитриевски : Музејот на Град Тетово ќе има достоен објект за своите управни простории, a граѓаните ќе добијат мултимедијален и културен центар

01/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Прес конференција одржа претседателот на СДСМ Тетово Илија Димитриевски, на која се осврна за оспособување на поранешниот Дом на АРМ како управна зграда на Музејот на тетовски крај.

-Владата на СДСМ овој објект, објектот на поранешниот Дом на АРМ во Тетово пред неколку месеци го додели на Националната установа Музеј на Град Тетово.  Објектот ќе се користи како управна зграда на Музејот и како мултимедијален центар. Во тек се подготовките за оспособување на објектот за намената за која е доделен. Се реновираат внатрешните простории во објектот, и се изнаоѓаат начини за поддршка на реализацијата на изготвениот проект за реконструкција, изјави Димитриевски.

Тој истакна дека СДСМ постојано работи на детектирање и решавање на проблемите на граѓаните.

-Конечно, за првпат по своето формирање, Музејот на Град Тетово ќе има достоен објект за своите управни простории, а граѓаните ќе добијат и еден нов мултимедијален и културен центар во центарот на градот.  Овој и многу други проекти за Тетово го покажуваат на дело односот на Владата на СДСМ кон нашиот град. СДСМ ги слуша своите граѓани, во Тетово денес се решаваат проблеми кои не би решени со децении. Продолжуваме и понатаму, посветено да работиме во интерес на граѓаните, рече Димитриевски.

 

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

Се одбележаа 250 години од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.