• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 28 мај 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Теми и интервјуа

Има ли решение за сообраќајниот метеж по тетовски улици

Огромен е бројот на граѓани кои не ги почитуваат знаците и правилата што значајно влијае за  создавање метеж низ градските улици но и сообраќајни незгоди , алармира Тони Ласовски професор по стручни предмети за сообраќај во средношколскиот центар „Моша Пијаде“.

20/03/2022
во Актуелно, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Колони возила, сирени, нервозни возачи и сообраќаен метеж е речиси секојдневната слика од тетовските улици и булевари.  Таквата состојба низ градските сообраќајници е често основа за дилемата во јавноста- дали ќе се најде начин да нема сообраќаен хаос и метеж во Тетово.

Огромен е бројот на граѓани кои не ги почитуваат знаците и правилата што значајно влијае за  создавање метеж низ градските улици но и сообраќајни незгоди , алармира Тони Ласовски професор по стручни предмети за сообраќај во средношколскиот центар „Моша Пијаде“

-Една сообраќајна незгода, може да замислите колку се создаваат колони, нервоза, свирење и така натаму и на тој начин дополнително се оптоварува сообраќајот и на тој начин доаѓа до губење време, нервозни возачи, метежи-седат во место возилата со десетици и петнаесет минути и на тој начин имаме нефункционирање на сообраќајот во град Тетово, изјави Ласовски. 

Од полицијата велат дека режимот на сообраќај низ градот е одлука на општината, а полицајците работат само на санкционирање на возачите кои не ги почитуваат правилата.

-Под сообраќаен режим симплифицирано се подразбира определување на паркиралишта, пешачки зони, определување на еднонасочни улици, регулирање на сообраќајот на крстосниците, регулирање на сообраќајот на крстосниците, регулирање на брзина на движење по улиците иткн. изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово 

Уште во првите месеци од работата на новиот градоначалник беше најавено дека за надмнинување на состојбите ќе има многу повеќе паркинг места и катни гаражи. Исто така на повеќе улици се воведува сообраќај само во една насока,  се поставуваат нови знаци и грпки на патиштата.

-При реконструкција на улиците, постоечка сигнализација не се враќа повторно и сега имаме случај кога возачите знаат дека една улица е пат со првенство на минување е главен пат, а другата е споредна а тој си продолжува да се однесува како така. Сообраќајната сигнализација, непостоењето на сообраќајната сигнализација ги става на исто рамниште улиците и доаѓа до конфликтни ситуации, изјави Тони Ласовски професор по стручни предмети за сообраќај. 

Јавниот превоз на патници со автобуси е една од можностите за помалку возила на улиците, но новата општинска власт рече дека времено ќе се стопира поради потреба од реорганизација.

 

 

 

 

Поврзани објави

Актуелно

Манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ утре по деветти пат се одржува во Теарце

27/05/2022
Теми и интервјуа

Нема некоја поголема промена на Шар Планина иако речиси една година е национален парк

25/05/2022
Вести

Градочалникот Касами со најава дека ќе продолжи пробивањето на булеварот „Благоја Тоска“

09/05/2022
Теми и интервјуа

Фотографот Зоран Андонов добитник на една од најпрестижните фотографски награди

08/05/2022
Теми и интервјуа

Граѓаните со години возат по автопат со дупки на релација Тетово-Гостивар

29/04/2022
Вести

Тетовскиот шарпланинец Купер викендов победи на државниот шампионат за оваа раса кучиња

18/04/2022
Следна објава

„Тетово сака парк“ побара поддршка од членовите на Совет на Општина Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.