• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

Имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и во делот на децентрализација и рамномерен регионален развој

11/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на панел-дискусија по повод 20 годишнината од Охридскиот договор во Универзитетот на Југоисточна Европа Тетово посочи дека на неколкуте вакви средби досега главна забелешка е спроведувањето уставните одредби од тој документ.  Тој образложи дека имплементацијата претставува секојдневен и доживотен процес, а дека следува фаза која ќе ги опфати децентрализацијата и регионалниот рамномерен развој.

-Главната забелешка е во однос на имплементирањето во однос на одредбите од Рамковениот договор при што сите констатираме дека нормативниот дел кој произлегува од Охридскиот рамковен договор и Уставот согласно рамковниот договор е веќе усвоен од Собранието и институциите додека имплементицијата е секојдневна и доживотна. Затоа што се работи на имплементација на уставни одредби и на законски одредби кои се законска обрвска на сите нас и како граѓаните и како институции. Затоа сметам дека се уште има потреба и има простор за унапредување посебно на правичната и адекватна застапеност но и на рамномерниот развој на регионите. Со придонес на академикот Беџети ги усвоивме законите во Владата, се поднесени во Собранието и се надеваме дека ќе се усвојат во следните неколку недели за да пристапиме зи кон рамномерен регионален развој како предусловите за понатамошна децентрализација. Ја продлабочуваме и фискалната и институционалната децентрализација за да ги појачаме општините за да бидат вистински сервис кон граѓаните, изјави Груби.

Тој најави дека ќе се откажел голем концерт по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор со што Министерството покажува доблесност и ги уважува препораките за заштита од Ковид-19. Ова го истакна во Тетово каде на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа панел-дискусија по повод 20 годишнината од Охридскиот договор.

-Согласно програмата за одбележување на Охридскиот рамковен договор предвиден огромен концерт на плоштадот Македонија во Скопје, вечерта на 13 август кој што решивме ние како Министерство да го одложиме, да не го одржиме, согласно новите  состојбите со инфекциите од коронавирусот и затоа покажуваме дека сме доблесни и дека разбираме и ги откажуваме сите можни манифестации каде има ризик од зараза, изјави Артан Груби.

Сепак останува да се одржи прослава во хотел каде се предвидени да присуствуваат околу 200 луѓе.

-Сите настани и денешниот се согласно протоколи за Ковид и централниот настан во хотел Александар Палас на 13 август ќе биде во сала која собира 1500 луѓе а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои ќе носат маски, ќе бидат со оддалеченост поголема од 1,5 метар еден од друг, мерење на температура пред влезот. Затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјални мрежи. Се надевам дека не се однесува на Охридскиот рамковен договор и на неговата имплементација туку е навистина е загриженост на сите тие околу здравствените протоколи, рече Груби.

На панел-дискусијата учествуваа министри на ДУИ, професори и студенти.  На новинарско прашање зошто нема од другите политички партии Груби рече дека биле поканети на повеќе начини но не дошле.

А.С

Поврзани објави

Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Следна објава

Руралните општини би превенирале поголеми пожари да имаат барем трактор со цистерна за вода за првично гасење на огнови

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.