• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Индексот за младинско учество покажува потреба за поголема вклученост на младите во општествените текови

13/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

„Што значи за тебе новата стратегија за млади“ беше насловена денешната инфо сесија која се одржа во Општина Тетово, Тетово во рамки на проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“,организирана oд младинските организации Младиинфо Интернационал од Скопје и Здружението Мултикултура од Тетово.

Координаторот на проектот “Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција”  Марјан Ицоски, го претстави проектот и резултатите од Индексот за младинско учество. 

-Индексот забележува одредени мали подобрувања на ситуацијата на младите во однос на вработувањето, намалување на стапката на млади ниту во работен однос, образование и обука, но сепак со недоволно темпо и се уште, далеку од просекот во Европската Унија, истакна Ицоски. 

Ахмед Ќазими од секторот за јавни дејности при општина Тетово ја потенцираше важноста на оваа Стратегија и заложбите на општината за истата. 

-Искрената соработка со младите и локалниот младински совет како претставничко тело е клучна за успешна имплементација на стратегијата и креирање ефикасни мерки за нивно поголемо учество и подобрување на квалитетот на животот во локалната заедница, рече Ќазими. 

Арлинда Иљази oд Здружението Мултикултура, го презентираше процесот на изработка и содржина на Стратегијата за млади, а Олти Есати, претседател на Локалниот Младински Совет ја посочи улогата на тоа тело при имплементација на Стратегијата. 

На настанот учество зедоа и претставници од Општина Тетово, претставници на други невладини организации, ученици, студенти и млади. 

А.С

Тагови: НВО

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Средношколците се оспособуваат да препознаат и реагираат во случај на родово базирано и насилство врз жените и децата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!