• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“со уверување дека ски центарот ќе биде самостоен правен субјект како основа за долгорочен развој

23/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ одржа прес-конференција на која истакнаа уверување дека ќе се оствари нивната заложба скијачкиот центар да биде самостоен правен субјект под Владата како начин на побрз развој. Хамди Сулејмани од иницијативата уверувањата ги темели по состанок во Министерството за економија заедно со претставници на поголем број институции и установи.

-Се надеваме дека ќе се исполни нашето барање ЕЛЕМ Турс да биде една институција под Влада и Попова Шапка да биде самостоен правен субјект. Сметаме дека така треба да биде со оглед на тоа што Попова Шапка е најголем и најглавен туристички капацитет кој не треба да зависи од другите од места под ЕЛЕМ кои се во губиток, истакна Хамди Сулејмани.

Според него Попова Шапка на дневна основа барем оваа сезона има илјадници евра дневен промет.

-Имам информации од надлежните дека Попова Шапка просечен дневен промет секој ден зимава има околу 500 илјади денари кои не се паметат последните 20 години. Само во недела имало 11 илјади евра само од ски карти. Попова Шапка е локомотива.  Нас не интересира Попова Шапка да биде самостоен правен субјект и да се почне процесот на јавно приватно партнерство. Единствено решение спас на Попова Шапка е јавно приватно партнерство, истакна Хамди Сулејмани.

Во јули 2020 година иницијативата побара од политичките партии да потпишат обврзувачка декларација со цел во иднина како дел од власта да се посветат на развој на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка. Во таа декларација нивно барање е одземање на сите компетенции на АД ЕЛЕМ Турс и истите да се пренесат на општина Тетово на локално ниво. Постојат и повеќе краткорочни и долгорочни барања како дел од заложбата која тогаш ја потпишаа три партии.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Каснувања од бездомни кучиња пријавени во тетовската полиција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.