• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Иницијативата „Тетово сака парк“ добива поддршка од спортистите

28/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Спортистите од Тетово деновиве даваат јавна поддршка на иницијативата „Тетово сака парк“. Тие се потпишуваат на онлајн петицијата со која се бара создавање на нов парк во Тетово, а нивните ставови се споделуваат на социјалните мрежи.

-Јас потпишав за парк, а ти ?, напиша најпознатата тетовска тенисерка Лина Ѓорческа.

-Целосна поддршка на граѓанскиот предлог за прв вистински градски парк во Тетово. Неопходни се услови за развој на спортскиот дух и спорстки навики во градот, напиша Крсте Серафимовси, повеќедеценискиот тренер по атлетика, спортски работник и поранешен претседател на Атлетската федерација на Македонија.

И од спортските екипи доаѓа поддршка за иницијативата „Тетово сака парк“.


-ЖФК Љуботен чувствува обврска јавно и позитивно да се изјасни за иницијативата за прв парк во Тетово, поздравувајќи го предлогот кој е издржан и доволно поткрепен, а ќе придонесе многу во насока на промоција на здрави животни навики, заштита на животната средина и здравјето на населението.  Свесни за сите придобивки од постоењето на паркови и зелени површини, како и на можноста за вклучување спортски содржини во истите, како спортисти и фудбалски клуб изразуваме целосна поддршка за „Тетово сака парк“, соопштија од ЖФК Љуботен.

За само една недела до понеделник 28 февруари онлајн петицијата е потпшана од над 2200 граѓани.

Оваа нова граѓанска иницијатива на 21 февруари прв пат ја преку прес-коференција ја образложи идејата да се формира градски парк во источниот дел од градот на излез кон Скопје. Се предлага паркит да опфати четири урбани блокови како единствениот простор кој може да биде парковска површина од околу 16 хектари.

ас

 

Поврзани објави

Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Следна објава

Приведен жител на Тетово осомничен за измама

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.