• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Иницијативата „Тетово сака парк“ цел месец чека на ветената средба на нивни и општински стручни лица

18/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иницијативата „Тетово сака парк“ информира дека иако било договорено со градоначалникот пред еден месец, се уште нема средба на стручни лица кои би дискутирале за можностите за реализација на идејата за формирање на прва градска парковска површина. Тие велат дека релативно долго чекааат, во надеж дека позитивно ќе биде одговорено на барањето,но  сѐ уште немаат добиено одговор ниту од кабинетот на градоначалникот, ниту од општинските служби.

-На средбата со градоначалникот на Општина Тетово, г. Биљал Касами, одржана на 19.4.2022 г., начелно се согласивме да одржиме средба на стручно ниво со стручни лица од Општината, на која подетално би навлегле во можните решенија во насока на исполнување на нашите барања за вистински градски парк.  Како иницијатори, во духот на конструктивноста, охрабрени и од желбата на градоначалникот за таква средба, поднесовме писмено барање до општинската архива, доставено на ден 27.4.2022 г., а заверено со број 09-4207/1, во кое и формално побаравме таква средба на стручно ниво; притоа го обелоденивме и нашиот состав од пет стручни лица, се вели во дописот од „Тетово сака парк“

Велат дека како граѓани заслужуваат фер однос во комуникацијата со општината.

-Не сакаме да веруваме дека ваквото калкулирање и игнорирање е намерно и малициозно. На Тетово му треба градски парк и повеќе зелени површини, а не ваков однос кој е на штета на сите. Сметаме дека е недозволива ваквата ноншалантност кон очекувањата на граѓаните, имајќи предвид колкава поддршка добивме, но имајќи ја предвид и состојбата во која се наоѓа градот.  Не сакаме да веруваме дека ова е некакво купување на време, бидејќи сѐ уште веруваме во искрените намери на градоначалникот, но притоа порачуваме дека не сме наивни, а уште помалку – порачуваме дека не се откажуваме од нашата борба, велат иницијаторите.

Тие сега очекуваат позитивен одговор од општинската администрација, надевајќи се на соработка од нејзина страна, но истовремено веќе сериозно размислуваат и за други форми на борба.

-Во прв план би вклучиле одредени поднесоци до други институции и/или истражни органи, како и алармирање на меѓународната заедница за состојбата во која се наоѓа градот и за несериозноста на Општината во целост, почнувајќи од избраните органи на општината, па сѐ до административните службеници, образложуваа од граѓанска иницијатива „Тетово сака парк“.

Тетово нема зелен простор поголем од еден хектар што е минимум за една површина да се нарече парк. Оваа иницијатива предлага пренамена на четири урбани блокови со намената Д- за зеленило и рекреација со што би се добиле максимални 16 хектари прв градски парк.

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Галоски со настап на шоуто на ТИЕСТО во Скопје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.