Тетово инфо: Изминаа четири години од Вашиот мандат како градоначалник на Општина Јегуновце. Која е главната каратеристика на Вашето работење во овој период, дали успеавте да донесете промена во секојдневното живеење на граѓаните и нивните потреби за подобра инфраструктура со оглед на руралнот карактер на локалната самоправа?
Дарко Блажески: Како градоначалник на општина Јегуновце уште пред да се кандидирам за првиот мандат ветив пред моите сограѓани дека секогаш ќе бидам со нив, заеднички ќе ги решаваме проблемите и само така ќе успееме општина Јегуновце да ја изградиме во просперитетна, современа општина за живот. Денес, после 4 години, можам да кажам дека заеднички и во партнерство со граѓаните продолжуваме по патот на напредок и развој нови проекти, инвестиции. Успеав за 4 години да реализирам капитални инвестиции што за граѓаните, но и за моите претходниви беа само посакувана желба и неостварлив сон. Деценискиот проблем со локалната и регионална патна инфраструктура веќе е минато. Ќе ја споменам реконструкцијата и рехабилитацијата на регионалниот пат Јегуновце – Шемшово – Желино што веќе е во финална фаза на реализација и стотици километри реконстриурани патишта и улици беа реализирани изминативе 4 години. Јегуновце за прв пат доби повеќенаменска спортска сала изградена и опремена по најсовремени стандари за спорт и рекреација. Во секое населено место, во секоја месна заедница реализиравме проекти за инфраструктура, фекална канализациона мрежа, комунални проблеми, улично осветлување, инвестиции во спорт, образование, култура, за младите, земјоделците, за секој граѓанин на општина Јегуновце.
Тетово инфо: Колку успеавте да се доближите до граѓаните и да одговорите на нивните барања и проблеми?
Дарко Блажески: Како одговорен, чесен, транспарентен градоначалник успеав да подадам рака на сите граѓани, да ги сослушам нивните проблеми, идеи, препораки и соодветно да реагирам на нивните потреби. Ја зајакнав соработката со бизнис секторот, здруженијата на граѓани, месните заедници кои претходно не функционираа. Изградив партнерство со секој активен чинител заинтересиран за соработка и подобрување на условите за живот во општина Јегуновце. Воспоставив систем на стандарди на работа на општинската администрација што се преточи преку зголемена ефикасност и ефективност, како и одобрени голем број на проекти од различни донатори кои како општина реализиравме повеќе активности. Со поголема желба, ентузијазам и енергија продолжувам понатаму во реализација на поставените цели и програма. Заедно ќе успееме општина Јегуновце да го направиме подобро место за живот.
Тетово инфо: Каква локална самоуправа создадовте, дали се воведе еден систем за нормално работење на администрацијата во општината ?
Дарко Блажески: Навршувам прв четиригодишен мадат исполнет со многу предизвици и препреки. За неполни 4 години успеав како градоначалник на Општина Јегуновце да ја сменам целокупната слика за работењето на локалната самоуправа. Од општина со лоша финансиска состојба, задолженост, без проекти, неадекватна и неефикасна општинска администрација, со голем посветеност, труд, работа и помош од граѓаните успеавме да реализираме над 300 успешни проекти кое се од главен интерес за граѓаните на Општина Јегуновце. Капитални инвестиции и проекти кои претходно можеа само да се замислат, беа реализирани во мојот четири годишен мандат.
Тетово инфо: Добивте партиска поддршка за втор мандат. Ќе имате ли поддршка од гласачкото тело уште четири години да бидете на чело на општината?
Дарко Блажески: Благодарение на партиската поддршка од раководството на СДСМ, ја добив довербата да се канидидирам за втор мандат за градоначалник на општина Јегуновце. Во наредниот период најавувам со уште позасилено темпо проекти и инвестиции во сите сфери кои се од локално значење. Убеден сум во големата победа на локалните избори, не поради моите лични уверувања, туку поради тоа што секојдневно во комуникациите и средбите со граѓаните ја добивам нивната поддрршка за општина Јегуновце да продолжи со развој и напредок. На моите сограѓани можам да им ветам дека во наредниот мандат ќе реализирам големи капитални инвестиции што за прв пат ќе се реализираат. Како и до сега, и од сега секогаш ќе останам партнер со граѓаните и ќе го слушам нивиот глас.
Тетово инфо: Како ја гледате Општина Јегуновце во наредните четири години, која е Вашата визија?
Дарко Блажески: Општина Јегуновце денес е транспарента, отчетна локална самоуправа водена од принципите на одговорно и чесно владеење, почитуван е гласот од секој граѓаните на општината. Визијата за наредните 4 години е заеднички да создадеме подобри услови за економски развој се со цел подобрување на благосостојбата и просперитет на животот на граѓаните. Општина Јегуновце да биде посебно катче за егзистенција на граѓаните од различни етнички, образовни, социјални, културни групи. Модерна општина која ќе биде урбанизирана, инфраструктурно поврзана и со решени приоритетни комунални проекти и инвестиции.