Во центарот на Тетово денес беше одржана информативно-едукативна средба и презентација во рамките на новиот превентивен проект на СВР Тетово „Поголема безбедност на пешаците,мотоциклистите, велосипедистите и возачи на електрични тротинети и запознавање со позначајни прописи и измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“.
На средбата со полицајците дојдоа претставници на велосипедистите, мотоциклистите и лица кои управуваат електрични тротинети како и заинтересирани граѓани.
Носител на проектот е Отсекот за превенција, додека неговото мото е „Само искуството е знаење, се друго е информација и едукација“.
– Одредени прекршоци од овие целни групи се во пораст ни покажува статистиката. Затоа е покрената оваа иницијатива и проект. Денес имавме интерактивна дискусија, укажавме на законските прописи и измени се со цел да се заштити нивниот но и нашиот живот. За целта на флаери со едукативна и информативна содржина, истакна инспекторот Гаврило Гаврилоски од Отсекот за превенција при СВР Тетово.
Податоците на сообраќајната полиција за петте месеци од 2021 година покажуваат дека имало 27 сообраќајки во кои биле инволвирани пешаци, при што двајца пешаци ги изгубиле животите, седум се со тешки телесни повреди и 18 со лесни повреди. Кај мотоциклистите има две сообраќајки со лесни повреди, а СВР Тетово бележи 267 прекршочни платни налози како и 27 предупредувања. Одземени се 36 мотоцикли од кои 3 за бучавост, а останатите за истечена регистрација.
-Мотоциклистите се соочуваат со одземање на нивните мотоцикли, согласно измените во законот за безбедност во патниот сообраќај. Доколку не се регистрирани повеќе од шест месеци се дзмената на на 90 дена .И за бучавост истат мерка. Им потенциравме дека полицијата не е против возењето и управување на мотоицкли но мора да се стави ред во. Им посочивме дека на пример ако сега се одземе мотоцикл на 90 дена во сите овие летни месеци нема да можат истите да ги возат во временскиот период кога е најдобро за нив, изјави Бобан Симјановски помошник командир во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.
Покрај оваа активности ќе бидат дистрибуирани и околу 2000 наменски изработени флаери на македонски и албански јазик.
А.С