• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Иселениците од Америка донираа 22 музички инструменти за училиштето во Вратница

Во училиштето пристигнаа 6 виолини, 4 труби, 5 кларинети 2 саксофони, 4 флејти и еден барабан со вкупна вредност од 12 илјади долари.

12/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Учениците од основното училиште „Симче Настовски“ во тетовска Вратница во иднина ќе можат да користат 22 музички инструменти кои се добиени како донација од иселениците во Соединетите Американски Држави. Донацијата се реализира со ангажманот на поранешниот директор Бошко Стојчевски.

-Добротворниот клуб при црквата „Света Богородица“ од Детроит, Соединетите Американски Држави испрати  22 музички инструменти за учениците од нашето училиште.  Голема благодарност за нашите иселеници од Вратница Душан Синадиноски, Борче Силјановски и Коце Михајловиќ, како и американецот Џеф Кембел од добротворната организација „Гладни за музика“ кои ја се ангажирале за донацијата., информираат од училиштето.

Во училиштето пристигнаа 6 виолини, 4 труби, 5 кларинети 2 саксофони, 4 флејти и еден барабан со вкупна вредност од 12 илјади долари.

-Музичките инструменти ќе ни помогнат учениците да се запознаат со музичка култура. Нашите заложби се да се направи летен музички камп како и да се формира и истурена музичка паралелка на музичкото училиште, истакнуваат од раководството на училиштето.

Дијаспората, односно иселените од Вратница во САД и порано донирале за училиштетот. Детското игралиште во дворот е формирано со помош на иселеникот Мирослав Гавриловски.

А.С

 

 

Тагови: вратницаиселенициоу симче настовски

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Документарен филм и дискусија за жените и нивните предизвици во патријархалните општества

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!