• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ИСИЕ : Потребна е поголема транспарентност на полошките општини за јавните набавки

Општините од полошкиот регион не ги објавуваат сите процедури од јавните набавки на интернет страниците и се задржуваат на минимум законски обврски што ги имаат за објавување, велат од  Институтот за стратешки истражувања и едукација –ИСИЕ за резултатите од следењето на локалните самоуправи како ги објавуваат податоците за јавните набавки.

29/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општините од полошкиот регион не ги објавуваат сите процедури од јавните набавки на интернет страниците и се задржуваат на минимум законски обврски што ги имаат за објавување, велат од  Институтот за стратешки истражувања и едукација –ИСИЕ за резултатите од следењето на локалните самоуправи како ги објавуваат податоците за јавните набавки. Тие информации ги нема на интернет страниците на општините или се застарени, велат од Институтот по анализа на ваквот работење во 2018 година.

-Треба да ги објавуваат договорите за јавни набавки, во основа се задржуваат на плановите за јавни набавки, она што е законски услов, меѓутоа не ги објавуваат навремено огласите за јавни набавки, на нивните интернет страници. Треба да го прават тоа на интернет страницата на бирото за јавни набавки но добро е кога граѓаните и фирмите кои се корисници на интернет страниците на општините кога сите овие податоци би ги имало и на страниците на општините подостапни и потранспарентни. Затоа што секој не проверува секој ден на страницата на бирото за јавни набавки, меѓутоа подостапни за граѓаните им е страницата на општината и затоа ние ги даваме овие препораки во делот на транспарентноста на општините, изјави Дарко Спасевски од ИСИЕ.

Анализата на 2018 е втора година која се анализира откако претходно се истражувало како во 2017 се објавувале податоци за јавни набавки. Според истражувачите, општините останале на исто ниво.

-Добиваат една просечна оценка,  а нивните поени кои што ги добија во истражувањето се помеѓу 50 и 60 проценти од 100 можни проценти.Тоа покажува дека се забележува статус кво во ситуацијата и секако дека треба да ги имаме во предвид спецификите на овој плански регион. Се работи за две големи општини кои имаат повеќе пари кои можат да ги трошат и за 7 мали општини кои сами по себе немаат капацитет и имаат многу малку јавни набавки. Кај нив имаме од 10 до 15 јавни набавки во однос на сумите 200 до 300 илјади евра, вели Спасевски.

Мониторингот на јавните набавки е направен за 9 општини од Полошкиот плански регион. Употребени се прашалници со 35 индикатори и подобласти, дел од податоци се преземени директно од општинските веб страници како и од државните институции.

А.С

Тагови: јавни набавкиопштиниотчетностполошки плански регионтранспарентност

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

Советот за етика во медиумите годинава бележи 60-тина жалби за неетичко и непрофесионално новинарство

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!