• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Искуство : Како прележав Ковид-19 со два негативни теста?

Ова е моето искуство, не е за да заплашува туку е чисто за да информира. Носете маски, држите растојание, не излегувајте од дома без потреба. Чувајте се!   

29/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Зошто го пишувам ова? За сите оние кои не веруваат во бројките. Не се вистински. Да точно, јас не влегов во статистиката на заразени, ама прочитајте како поминав со седум дена температура, кашлица, наод на бели дробови-нешта за што се лежи во болница.  А колку ги има како мене во државава?

Да почнеме од почетокот. Некаде згрешивме, ама не знаеме каде сме се заразиле. Понеделник 5-ти октомври се чувствувам малаксалост и замор. Одам на работа ама душава не ми може. Пијам аналгин и парацетамол три пати. Вторник 6-ти октомври малку подобро, ама пак заморно. Малиот син кој има 4 години качува 37.5 температура. Среда 7-ми октомври му се јавувам на матичниот (д-р Тимосие, огромна благодарност до него), ми вели може си настинала, ама ај да закажеме тестирање, нема одење на работа. Големиот син кој има 8 години качува 37.7 температура. Четврток 8-ми октомври се тестирам, ама не сум подобро. Матичниот вели ај да ти пишам сумамед превентивно за бактериски инфекции,  2 кутии почни да пиеш. Вечерта почнува голготата, почнувам да пијам сумамед и почнувам да качувам температура 38.3. Почнува и сопругот да качува температура, кој се бореше цели седум дена. На децата им помина само во еден ден. Ние сега да се избориме.

Петок 9-ми октомври преку ден пак можам да направам ручек, машина да пуштам. Пристигна резултатот негативен. Ама јас навечер се борам со температура. Сабота 10-ти октомври 20.30 часот качувам 38.5, пијам два далерона и сумамд. Во 22.30 часот мерам да видам дали спаднала, таа се покачила на 38.8. Се избезумувам. Тестот негативен, осетот тука, јас горам од температура и кашлам. Сопругот исто, закажува тестирање. Го барам по ноќ матичниот, вели утре сабајле право на инфективно треба снимка на бели дробови.

Недела 11-ти октомври одам во Клиничка болница Тетово на инфективно одделение.  Излегува на врата сестрата и објаснувам, се тестирав, негативна сум, пијам сумамед, ама не сум подобро. Излегува докторот го гледам издивнува си вели добро е пациенткава носи и маска и визир. И нему му објаснувам повторно. Се погледнуваат со сестрата и ми викаат рентген на бели дробови и крвна слика. Одам на рентген ме снимаат, снимките готови, наод, алвеоларен застој во долните делови на двете белодробни крила.

Одам да ми земат крв во Ковид центарот, лаборантот ми вели, ти си прва пацентка што си дошла со визир. Му велам јас официјално сум негативна, визирот е пред сé за мене, а после за вас. Готови и резултатите од лабараторија. Се враќам на инфективно. Ги давам снимките и резултатите од лабараторија на сестрата и чекам надвор. Излегува докторот и ми вели сомнително е ќе ти препишам уште еден антибиотик моксирал, пробиотик, витамини, утре пак ќе се тестираш. Ми даваат ибупрофен, да пијам, на 4 саати, далерон, па на 4 саати пак ибупрофен.

Понеделник 12-ти октомври одам пак во Ковид центарот за брис.  Го замолувам истиот лаборант, надвор на клупа да ми земе брис. Се согласи. Чекам резултати. Вторник 13-ти стигнуваат резултатите пак негативни. Полудувам! Температурава не стивнува, пијам два антибиотици, кашлам, заморна, исцрпена. Не знам што со себе. Среда 14-ти иста ситуација 37-38 температура.

Во сето ова лудило, ми се расипува машината за перење, а толку потребна за одржување на хигиената.  Така деверот уште утредента отиде да купи нова, ние со сопругот остануваме дома поради температурите, омалаксаноста и сомнителноста за Ковид-19.

Петок 16-ти октомври, стигнува резултатот од сопругот, позитивен на Ковид-19. Сега веќе сé е јасно дека е Ковид-19 и ни следува карантин. И сопругот добива два антибиотика и витаминска терапија. Петок 16-ти октомври, веќе сум подобро фала му на Бога. Нема температура, кашлањето се повлекува постепено, се враќа и силата.

Инаку, имам 42 години без некои дополнителни здравствени проблеми. Пред да почнам да ги раѓам децата се занимавав со планинарење, дури сум и прва генерација со положен испит за водич во планина. Физички активна со секојденевно пешачење до Бањиче почесто, на Кале поретко. И не е како грип. Бидејќи работам во образование, со деца и секоја година го прележувам сезонскиот грип заедно со моите ученици, значи знам да оценам разлика од обичен грип, кој ми поминувал за 2-3 дена.

Седум ноќи да гориш од температура, да се препотуваш, да губиш здив од кашлање и слично. И да, од разно разни глупости, совети што читавме на социјални мрежи, најмногу ни помогна вода, по една голтка, почесто, да не ја оставаш устата сува. Ова е моето искуство, не е за да заплашува туку е чисто за да информира. Носете маски, држите растојание, не излегувајте од дома без потреба. Чувајте се!

Александра Самарџиева

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

СВР Тетово : Десет казни за непочитување првенство на минување

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!