• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Историски момент за тетовскиот диџеј Галоски-се најде на светска листа со 101 продуценти на електронска музика

12/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Македонскиот диџеј и продуцент ГАЛОСКИ со нов, овој пат историски подвиг за домашната и светска музичка сцена. Галоски како артист од Македонија е првиот диџеј и продуцент што се најде на елитната и светска 101tracklist и тоа на 69-тото место на најдобри продуценти и најподдржани артисти за електронска музика во светот, со што уште еднаш докажа дека е еден од најуспешните и најактивни артисти на Балканот со светска кариера!

Неговите изданија редовно може да ги слушнеме низ плејлистите на најголемите светски диџеи како Tiesto, David Guetta, Martin Garrix, Afrojack, Steve Aoki, Don Diablo, Alesso, а музиката на Галоски периодов добива константна поддршка и одлични комплименти и од мулти-платинестиот хит-мејкер Jonas Blue.

Интересен факт е дека Галоски е еден од ретките артисти на Балканот кој има милионски преслушувања на музичката стриминг платформа Spotify. Исто така, TOMMOROWLAND кој претставува еден од најголемите музички фестивали и брендови за електронска музика, оваа година му додели титула за Артист на месец Јули со што го најави како еден од артистите со светла иднина.

Ова лето ќе биде запаметено и по емитувањата на неговите изданија од светски познатото BBC Radio, KISS FM и уште многу други реномирани радио станици во светот.

Новитет во неговата кариера е последното музичко парче насловено како ‘Thinking About You’ кое официјално излегува овој петок во издание на FUTURE HOUSE MUSIC – една од најголемите издавачки куќи во светот. 

 

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Приведен дилер од Желино за издржување затворска казна

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.