• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

И во болницата во Лешок третман со кислородна поддршка на полесни случаи на заболени од Ковид-19

23/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Откако се заразиле со коронавирус на болничко лекување поради потреба за рехабилитација со соодветен медицински третман 10 пациенти се наоѓаат и во Специјалната болница за белодробни заболувања и ТБЦ во тетовски Лешок. Станува збор за процес во кој е потребна кислородна поддршка но со помал обем, објаснуваат од болницата.

-Тоа се пациенти на кои им е потребна помала количина на кислородна поддршка односно добиваат концентратори до 5 литри кислород во минута. Тоа е помалку за разлика од болничите услови со централен довод на кислород каде пациентот добива 15 литри кислородна поддршка во минута, изјави директорот на болницата Исмаил Ваити.

Во болницата во Лешок пациенти заразени со ковид-19 се примаат речиси еден месец.

-Со тоа им излегуваме во пресрет на колегите од Клиничката болница во Тетово. Сите пациенти заболени од ковид-19 кои се лекуваат во нашата болница се во стабилна состојба. Тоа пред се се полесни случаи кои се донесени од Интерното одделение на тетовската болница за таму да се ослободи простор за потешките болни. Во нашата болница во Лешок нема централен довод на кислород туку имаме само концентратор за кислород и затоа ние не можеме да опслужуваме тешки случаи, но за овие полесните имаме добри услови за нега на заразените со ковид-19, вели д-р Ваити.

За овие лица изолиран е еден кат од болницата додека вториот кат е за болните од белодробни заболувања.

Кризниот штаб при општина Тетово по денешниот состанок информираше дека во тетовската клиничка болница во моментов 45 лица добиваат соодветен здравствен третман и се на кислородна поддршка.

-Од 45-те хоспитализирани само 4 се со полесни симптоми, додека сите останати имаат потреба од кислородна поддршка, истакна д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-19 центарот.

Според кризниот штаб повторно бројката на активно болни во моментот е над 1000 лица.

– Вкупниот број на лица кои се дијагностицирани досега е 3526. Од оваа бројка досега 2287 лица се излекувани, а 140 се починати, со тоа бројот на активни случаи во Тетово и 5 општини е 1004 лица.  Епидемиолошката состојба и понатаму останува критична, бројките се зголемуваат, а медицинскиот персонал, иако со крајни сили, продолжува посветено да работи во битката со Ковид19, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Во градинките има 6 активни случаи и една група во изолација.

-Има 16 позитивни наставници во основните училишта,а 8 паралелки се во изолација. Во средните училишта имаме 22 позитивни наставници со Ковид-19, информира Арифи.

Во текот на изминатите 7 дена од 16 до 23-ти овој месец, според податоците од СВР – Тетово за неносење заштитни маски издадени се наредби за помали прекршоци на вкупно 328 луѓе.

А.С

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Меѓу невработените во тетовско 11 лекари и 252 медицински техничари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!