• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

И второ општинско претријатие во Тетово со дозвола на Советот ќе зема кредит поради финансиските загуби

Јавното претријатие „Градски паркинг“ доби согласност да земе кредит во висина од 6 милиони денари за да се покријат финансиските загуби. Оваа точка на дневен ред не помина на претходната 35-та седница на 29 октомври.

26/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на Општина Тетово на денешната 36-та седница изгласа согласност јавното претријатие „Градски паркинг“ да земе кредит во висина од 6 милиони  денари за да се покријат финансиските загуби. Оваа точка на дневен ред не помина на претходната 35-та седница на 29 октомври.

За барањето кредит на денешната седница одговорност од менаџерскиот тим побара советникот Горан Јовановски од ВМРО ДПМНЕ.

-Имате подадена рака од Советот но мора да ги смените работите, или вие или некој од менаџерите треба да си заминат за тоа што се дозволиле долгови од 3 милиони денари. Воедно при вакви состојба вие сте објавиле нов конкурс за вработување, при што се вработени само Албанци кои се пишале како Македонци или Роми, истакна Горан Јовановски.

Директорот Садат Алили рече дека пандемијата е причина претријатието 27 дена воопшто да не работи и да нема приходи од паркирањето.

-Јас го водам претријатието од август 2018 година кога имаше 3-4 неплатени плати но тогаш не баравме помош. Во април не работевме поради состојбата и поради тоа немаше приходи и сега има загуби. Вработувањата се помината во Агенција за вработување, истакна Алили на седницата.

Ова е второ јавно претријатие во Тетово за кое Советот дава одобрение за зајмување пари од банките. На 34-тата седница во септември Советот даде согласност Јавното комунално претријатие „Тетово“ да земе  кредит од банка со цел да ги плати придонесите на вработените и да ги подмири тековните потреби за работа. За тоа претријатие беше дадена согласност за позајмување на 26 милиони денари.

На седницата беше изгласана и промена во статутот на Општина Тетово со која се дозволува одржување на седници преку интернет од далечина во време на пандемија или вонредни состојби и услови.

А.С

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Над илјада лица казнети поради прекршоци околу возачката дозвола

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!