• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

И покрај апелите најчести се пожарите поради неисчистени оџаци во Тетовско

Три пожари се бележат изминативе 24 часа на подрачјето кое го покрива тетовската пожарна. Од таму велат дека и понатаму периодов најчести се пожарите на неисчистени оџаци или вентилациони системи.

09/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Три пожари се бележат изминативе 24 часа на подрачјето кое го покрива тетовската пожарна. Од таму велат дека и понатаму периодов најчести се пожарите на неисчистени оџаци или вентилациони системи.

-Првиот пожар вчера наутро  беше во куќа во Непроштено поради неисчистен оџак. За среќа оштетена е само покуќнината во внатрешноста без поголема штета. Околу 21 часот беше интервенирно во занаетчиски дуќан на улицата „Борче Кочовски“ во Тетово. Во 22 часот, пожар се гасеше на возило „пежо 206“ во населбата Поток, информира Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Иако постојано се апелира сепак најчесто овој зимски период има пожари во неисчистени оџаци.

-Најзагрижувачки од досегашното искуството се повеќекатните згради каде најтешко се работи на интервенција. Воедно најбрзо може да се рашири огнот. Сме имале негативно искуство и во новите згради каде имаат само една цевка за вентилационите системи кои служат за отстранување на пареа од купатилата или чад од кујните. Во еден стан се има запалено приклучокот па се запали главната и единствена вентилациона цевка, вели Алити.

Во сите три пожари изминатиот ден како и од почетокот на годината за среќа нема повредени лица.

А.С

Тагови: оџаципожарипожарна

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Во 2019 година Тетово со 88 денови чист воздух, 120 со загаден и 157 без податоци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!