• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

И селото Урвич го очекува ветеното од институциите за нов водовод

07/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жителите на Урвич при општина Боговиње потсетуваат дека и во нивното село се очекува нов цевковод за водоснабдување, процес кој се уште не е започнат, а договорен со општината и Владата во текот на август.  Реакцијата доаѓа откако вчера се реализираше се пушти во употреба нов цевковод за Синичане, по несогласувањата на двете села во текот на летото околу користење на извори со вода во планиската месност „Буновец“.

-Нас ни е ветено дека ќе има спроведување на 4200 метри цевки. Тоа ние е потребно бидејќи водоводот е стар 30 години и водата се губи поради пукнати цевки.  Очекуваме договорено дека ќе се реализира, а тоа е ископот и слично да биде од општината, а Владата да плати за цевките, изјави Локман Таири, претставник на месната заедница во Урвич.

Градоначалникот на Општина Боговиње Албон Џемаили вели дека ќе се реализира ветеното.

-Селото Урвич има свои барања како сите населени места. Преку Влада ќе добиеме цевки, а ние како општина ќе работиме на копање и другите пропратни елементи. Ќе добиват нова мрежа за снабдување со вода. Во другите села моментално се работи во Пирок и почнуваат работите во Камењане и на пролет во Палчиште. Парите се обезбедени, остануваат технички процедури и ќе биде се како што треба, истакна Џемаили.

Откако се јавија несогласувања помеѓу Синичане и Урвич за користење на вода од изворите во месноста „Буновец“ сите засегнати страни преговараа заедно со Владата.

А.С

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Tетово има автобуски постојки, но нема автобуси

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!