• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Теми и интервјуа

Каде и како ја гледаат својата иднина-ставови на шестмина тетовски матуранти

14/03/2021
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Зборувавме со ученици од сите средни училишта во Тетово околу нивните планови за во иднина. Дали ќе одат на факултет или ќе работат. Дали ќе останат во Тетово или ќе заминат во друг град во Македонија или ќе одат во странство. Шестмина матуранти споделија како ја планираат нивната иднина.

Марија Митрушеска е ученичка во средното економско училиште во Тетово, „8-ми септември“, а планира да студира во Скопје.

-Оваа година сум матурантка во насоката правен техничар. Согласно моето четиригодишно обучување како и стекнато знаење, планирам да го продолжам образованието на Правнниот факултет „Јустинијан Први“при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Би сакала да запишам првани студии во насоката Казнено право. Мислам дека направениот избор ќе ми овозможи и ќе ми ги олесни условите за вработување по завршувањето. Сметам дека Македонија нуди доволно за да останам овде и да го живем животот кој го посакувам, истакна Марија Митрушеска.

Стојанка Ѓорѓеска која учи во Спортската гимназија своето високо образование сака да го продолжи во друга насока.

-Иако спортувањето е моја пасија, за понаатму се одлучив за насока која воопшто не е поврзана со мојата сегашна окупација. Моите интереси се во насока за специјална едукација и рехабилитација. Оваа струка постои како насока на Филозофскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Мислам дека завршувањето на истата ќе ми понуди одлични опции за понатамошни можности за работа, дури и овде, во нашата земја, сподели Стојанка со нас.

Гимназијалецот Бојан Радовски исто така сака да се запише на факултет.   

-Завршувам во природно-математичка насока во гимназијата„Кирил Пејчиновиќ“. Она што успеав да го научам во текот на овие години и согласно предметите кои ги имав како задолжителни во насоката, ме наведе да изберам факултет во сличен правец. Секако тука е и мојата желба кон информатичките науки. Планирам да се запишам на факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), во смерот: Компјутерско и системско инженерство автоматика и роботика, вели Бојан.

На прашањето дали би останал во Македонија по студиите, тој без многу двоумење ни одговори со „не“.

 -По завршувањето, се гледам себе си во Македонија, но само одреден период. Зависно времето и условите во кои ќе се наоѓам, но се разбира би сакал да се преселам и работам во некоја од европските земји, како Германија, Швајцарија, можеби дури и Шведска. Размислувам вака од причина што не сум баш најсигурен сопствената иднина да ја доверам во рацете на оваа земја и нејзините државни институции и министерства знаејќи ги какви се тие денес и колку се разликуваат од оние во земјите кои ги набројав погоре, објасни Бојан.

Во Државното музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец“ учи Сара Илиевска, која планира  додипломските студии да ги продолжи исто така со музиката.Главен инструмент кој го свири е виолончело, а потоа и на пијано. Учи и да компонира.

-Јас ја сакам музиката и ја чувствувам на начин на кој не чувствувам ништо друго. Планирам да продолжам да се занимавам со неа и на факултет, затоа го избрав Факултетот за музичка уметност во Скопје, како понатамошна дестинација. По струка ќе бидам слободо-уметнички творец, со образование на инструменталец. Понатаму, сакам да отидам некаде во странство за да го развивам она што започна во мене уште од моите најрани години. Мислам дека можностите на Македонија да ми помогне да се развијам и по завршувањето на факултетот се навистина кратки и недоволни. Тука не се вреднува и не се почитува доволно она што го имам избрано. Поради тоа би сакала да ја напуштам земјата во иднина, додаде Сара.

Од анкетираните средношколци, Тамара Станковска, не планира засега да продолжи со образованието и сака да почне да работи. Таа е матурантка во средното медицинско училиште „Никола Штејн“.

-Планот ми е да останам некоја година во Македонија и да работам. Би работела како медицинска сестра, за истото планирам подоцна да запишам и високо образование. Со повеќе искуство можам само да станам подобра. Искрено, посакувам да ја напуштам земјава, тогаш кога ќе се чувствувам најподготвена. Би одела во Германија, имам читано доста за мојата одбрана професија таму, и мислам дека е токму местото каде ќе се пронајдам, објасни Тамара.

 

Во средното стручно училиште „Моша Пијаде“ разговаравме со матурантот Томислав Стојановски.

-Веројатно ќе запишам некој факултет вонредно, а за насоката уште не сум сигурен. Ми се допаѓа насоката во која учам информатички технологии. Бидејќи тоа ме интересира, можеби ќе запишам нешто во тој правец. Има уште време, но мислам дека не би ја напуштил земјава, или барем не сега скоро, сподели Томислав Стојановски.

автори
Ангела Бошкоска
Александар Самарџиев 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

За најдобар мед од костен два шампионски пехари во Србија освои тетовчанецот Владимир Петровски

16/09/2023
Теми и интервјуа

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки-во градинката Поток купишта смет и во дворот

05/09/2023
Теми и интервјуа

Тетовски легенди-Иљко Мустак за десет години од 1953 до 1963 година направил околу 300 скокови со падобран

19/08/2023
Вести

Министерството за култура со иницијатива за преместување на библиотека, вработените алармираат дека тоа не е соодветно решение

10/08/2023
Вести

Повеќе од половина рурални тетовски води се небезбедни за пиење, населението се навикнало на таквата состојба

09/08/2023
Теми и интервјуа

Ако учениците имаат развиена еколошка свест ќе имаат и навика за еко-делување

29/07/2023
Следна објава

Патронат во средното училиште „Моша Пијадe“-Признанија добија четворица вработени кои бележат 30 години работен стаж, осум со 20 и седум со 10 години

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!