Жители на Тетово неносењето на заштитни маски како превенција од Ковид-19 го платија и за време на празничниот продолжен викенд. Полицијата бележи вкупно 124 изречени платни налози на поширокото тетовско подрачје, што согласно член 6 од соодветната владина Уредба подразбира глоба од 20 евра во денарска противвредност.
-Во периодот од 1.8 до 2.8 изречени се 29 казни, наредниот ден има изработено 55 платни налози и 40 глоби се изречени во последните 24 часа. Секторот за внатрешни работи Тетово изготви прекршочни платни налози кои предвидуваат казни од 20 евра во денарска противвредност, сооштија од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.
Од 1 мај кога е стапена во сила мерката за задолжително носење на заштитна маска за лице на подрачјето на СВР Тетово вклучувајќи ги тетовско-гостиварските општини се евидентираат вкупно 6.876 казни.
Во текот на изминатите 24 часа во тетовско нема нови решенија за изолација додека контроли се извршени кај 301 лице и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.
А.С